Југ I — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време Оваа тумба претставува еден од новооткриените наоѓалишта во ареалот на Оптичари и се наоѓа на 9 км југозападно од селото. Таа во средина е пресечена од каналот за наводнување, а висината е значително смалена со обработувањето на полињата. Што се однесува до обликот, таа е слабо видлива на теренот и сегашната евентуална висина изнесува околу 0,5m. Нејзината површина изобилува со неолитска керамика, што укажува на фактот дека можеби не постојат слоеви од другите предисториски периодиГоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.
Поврзано На Тумба — населба од неолитско време; Трн Тумба — населба од неолитско време; Тумба — населба од неолитско време; Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период; Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период; Југ I — населба од неолитско време; Југ II — населба од неолитско време; Југ III — населба од неолитско време; Исток I — населба од неолитско време; Исток II — населба од неолитско време; Оптичари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Оптичари (село)