Цигановац, Цигиновац или Цигино Езеро – петто по површина од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,075 км². Надморската висина му е 632 м, а најголемата длабочина 13 метра.
Опис Езерото името го добило според легендата дека во него се удавил Ром кој наводно ловел риба на брегот. Се нарекува и Цигиновац или Цигино Езеро. На запад брегот е обраснат со четинарска шума, додека на север се издига благо варовничко возвишение Стубица. Водата ја добива од подземни извори, а најмногу од Прошќанското Езеро, преку ископан канал и преку слап. Продолжува во езерото Округљак.
Поврзано Плитвички Езера Прошќанско Езеро Округљак
Надворешни врски Gornja jezera - Dr. sc. Srećko Božičević
Категорија:Езера во Хрватска Категорија:Плитвички Езера