алт=Постер за филмот Гратчето Пејтон, 1957 година|мини|Постер за филмот Гратчето Пејтон, 1957 година Гратчето Пејтон (англиски: Payton Place) - американски филм од 1957 година, во режија на Марк Робсон, по сценариото на Џон Мајкл Хејс (John Michael Hayes), засновано врз истоимениот роман на Грејс Металиус (Grace Metalious) од 1956 година. Главните улоги ги толкуваат: Лана Тарнер (Lana Turner), Ли Филипс (Lee Philips), Артур Кенеди (Arthur Kennedy), Лојд Нолан (Lloyd Nolan), Рас Тамблин (Russ Tamblyn), Тери Мур (Terry Moore), Х. Ланге, Д. Варси итн. Филмот имал дури девет номинации за „Оскар“, но не победил во ниедна категорија. Во 1958 година, тој бил најгледаниот филм во САД. Во 1961 година било снимено продолжението со наслов „Враќањето во гратчето Пејтон“, а во 1964 година започнала да се прикажува серијата „Гратчето Пејтон“ која остварила голем успех кај публиката.HRT, Gradić Peyton, američki film (пристапено на 18.10.2020)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива на почетокот од 1940-тите. Гратчето Пејтон е мирно место, но само навидум, зашто зад обичното секојдневие се кријат бројни фрустрации, лаги и злосторства: така, младата и убава средношколка и надарена писателка Алисон Мекензи (ја игра Варси) се измачува со својата проблематична мајка Констанс (ја игра Тарнер) која од неа крие многу тајни од своето минато; цврсто решена да ја одбрани Алисон од гревот, Констанс флертува со директорот на училиштето Мајк Роси (го игра Филипс); истовремено, најдобрата другарка на Алисон, Селена Крос (ја игра Ланге) постојано ја злоставува нејзиниот очув...

Поврзано Гратчето Пејтон - населба во Битола

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1957 година Категорија:Филмови на Марк Робсон Категорија:Филмови со Лана Тарнер Категорија:Филмови со Ли Филипс Категорија:Филмови со Артур Кенеди Категорија:Филмови со Лојд Нолан Категорија:Филмови со Рас Тамблин Категорија:Филмови со Тери Мур Категорија:Филмови засновани на романи