Под Кукуноса— археолошко наоѓалиште во светиниколското село Стањевци. Претставува населба и некропола од римско време. На оддалеченост од околу 500 м јужно од селото, под ридот Голема Кукуноса, во нивата на Наце Иванов е најдена вотивна плоча од бел мермер со димензии од 25 × 25 × 5 см. Во горниот дел е заоблена лачно, а во централниот дел има релјефна претстава на жртвеник, со по една змија од страните, врз кој е поставен кантарос со сцена на жртвување. Се работи за претстава на синкретистичко божество од фригиско потекло. При обработувањето на нивите мештаните наоѓале темели од објекти и големи плочи од гробови. Теренот е во непосредната близина на населбата на наоѓалиштето Грамади. Вотивната плоча се чува во Народниот музеј во Свети Николе.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 360, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Грамади — населба од доцноантичкото време; Манево Трло — средновековна населба; Орљак - Селиште — средновековна населба и некропола; Под Кукуноса — населба со некропола од римското време; Римски Бунар — некропола од доцноантичкото време; Слатина — могила од римското време; Слатина — Цистерна од римското време; Стањевци; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Стањевци