Фочански бриони или само Бриони е мало речно островце на реката Ќехотина кај Фоча во Република Српска.
Одлики
Речниот остров Бриони се наоѓа на реката Ќехотина низводно три километри источно од Фоча. Познат е по богатство на флора и фауна, додека на самиот остров има шест стотини видови растенија. Реката Ќехотина која го опкружува островот, е богата со слатководна риба како пастрмки, липљен и шкобаљ. Фочанските бриони се формирани во шеесеттите години на дваесеттиот век како стопанска единица на Казнено-поправниот завод, со задача работно да се ангажираат осудениците, но набргу станало место за одмор и работни разговори на луѓето од целиот регион.
На островот е изграден истоимен мотел - ресторан „Бриони” кој им пружа на посетителите разновидни содржини. Околу мотелот е изградена пешачка и трим-патека, забавен парк за деца со мала зоолошка градина. Во непосредна близина на мотелот, чие архитектонско решение во потполност е вклопено во природниот амбиент, уредено е капалиште со песочна плажа. Островот го посетуваат сè повеќе туристи од Република Српска, БиХ но и од околните земји. На Бриони се одржува „Гастро фест Фоча”, манифестација каде се претставуваат земјоделски производители, здруженија, пекари, слаткари, риболовци, планинари и пчелари од просторите на Горње Подриње и цела Херцеговина.
Поврзано Ќехотина Општина Фоча
Наводи
Надворешни врски Речно острво Бриони на Ћехотини: Фоча, Република Српска, Darko Zikic, youtube
Категорија:Општина Фоча Категорија:Географија на Република Српска Категорија:Туризам во Република Српска