Томислав Османли (, ) — македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писателиte на Македонија, 2004, стр. 185-186.

Животопис Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на повеќе од 30 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на пет романи, четирите од кои се објавени и во странство.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Со децении објавува публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број екс-југословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата “Ideje” (Белград), “Разгледи”, "Културен живот", "Театарски гласник" и "Macedonian PEN review" (Скопје).

Неговата студија “Филмот и политичкото” (1981) во националната филмска историја (в: Кинотека на Македонија, “Кинопис” бр. 13 и др.) се бележи како првата македонска теоретска книга посветена на Седмата уметност, а теоретската книга “Стрип - запис со човечки лик” (1987. и 2002.) е сè уште е единствената македонска теоретска книга посветена на уметноста и на медиумот на стрипот. Со овие две книги Т. Османли отвора пионерски домени во теоријата на овие две актуелни, драмски фундирани дисциплини. Автор е и на студијата „Граѓански простор“ единствена студија за цивилната историја на Европа и за неговите присутности и историски дефицити во нашиот општествен простор.

Член е на Друштвото на писателите од 2003. Член е на македонскиот ПЕН, трипати избиран во неговото Претседателство. Бил претседател на Филмската младина на Македонија, претседател на Советот на фестивалот Младиот отворен театар, член на Советот на Републичкиот секретаријат за Образование, наука и култура, член на Комисијата за културни односи со странство и на други општествени тела.

Двапати, не редоследно, е именуван за Претседател на Управниот одбор на Кинотеката на Македонија. Бил член и на УО на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. Член на жирито за првитот избор на десет македонски романи во едицијата „100 словенски романи“. Бил именуван за член на меѓународниот Издавачки одбор на таа едиција од РС Македонија.

Од 1976 година работел како новинар и уредник, секогаш на рубрики или програми од културата: уредник на "Координати", месечниот прилог за култура, наука и уметност на неделникот "Млад борец", заменик главен уредник на весникот "Млад борец", новинар во македонското издание на весникот „Комунист“, потоа уредник за култура на магазинот "21" на којшто тој му го предложи и името, уредник-коментатор во дневниот весник "Нова Македонија" и во тек на 18 години одговорен уредник на културно-уметничката програма на Телевизија "Телма" во Скопје сѐ до нејзиното укинување во 2015 година.

Денес е слободен уметник; писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци.

За својата разновидна уметничка и новинарска работа, добитник е на повеќе од дваесет стручни, уметнички, меѓународни и државни награди, меѓу нив на наградите „Мито Хаџи Василев Јасмин“ (2004) за публицистика, „Св. Климент Охридски“ (2018), „11 Октомври“, победник (екс екво) на меѓународниот "Zheng Nian Cup" во НР Кина во категоријата за романи за српското издание на романот „Бродот.Конзархија“ (2023), како и на наградата „Donat“ (28.11. 2023) на Хрватското книжевно друштво-Задар доделена за целокупното творештво.

На 18 мај 2023 Европското движење Северна Македонија свечено го прогласи за Европска личност на годината 2022.

Творештво Неговите книжевни и драмски творби се преведени на: англиски, француски, полски, српски, хрватски, црногорски, грчки, турски, словенечки, бугарски, романски, арапски, хебрејски, како и на Ладино, јазикот на сефардските Евреи. Прв македонски прозаист преведен и објавен на Ладино и прв македонски романописец (романот „Дваесет и првиот“), објавен на арапски јазик.

Пиесата „Двајца во Еден“ (Two in Eden) била поставена на сцената на академскиот театар „John W. Gainse“ во градот Њупорт во 1998 година, а потоа била прикажана на театарскиот фестивал „Blue Ridge“ во Ричмонд, Вирџинија, САД. Таа пиеса е преведена и објавена на интернет и на романски и српскохрватски јазик.

Во 1984 и 1987 година, телевизиските филмови „Ѕвездите на 42-та“ и „Скопски сновиденија“ работени според неговите претходно наградени сценaрија, станале добитници на наградите за режија на југословенскиот ТВ фестивал во Неум, БиХ.

Играниот филм „Ангели на отпад“, работен според неговото сценарио, бил прикажан на меѓународните фестивали во Каиро, во Сан Диего, во Белград итн. Исто така, филмот бил прикажан во Националното кино (National Film Theater) во Кенеди центарот (Kennedy Center) во Вашингтон (Washington, DC), САД, на специјалната дводневна програма на Американскиот филмски институт (American Film Intitute).

Со книгата драмски текстови „Ѕвездите над Скопје“ (The Stars over Skopje), заедно со 12 други автори од балканските литератури, Томислав Османли станал дел од Книжевниот годишник на престижната Encyclopedia Britannica за 2001. година.

Списанието „Književna revija“ од Осиек на хрватски јазик ја објавило неговата театарска пиеса „Апокалиптична комедија“ во 2000 година. Кон крајот на 2004 година, и реномираната издавачка куќа „University Studio Press“ од Солун/Атина го објавила истиот драмски текст на грчки јазик.

Дел од неговата новела „Сликата на тетка Рашела“ објави угледниот неделник Forward (2004) се појавува повеќе од едно столетие во Њујорк со репутација на книжевен простор во кој објавувале бројни писатели меѓу нив и Исак Башевис Сингер и Ели Визел. Оваа новела во превод на полски јазик ја објави угледното европско списание “Krasnogruda”, српските списанија “Кораци” и “Улазница” и сефардското списанието “Los Muestros” (2009) кое се појавува во Брисел. Ова списание во повеќе свои броеви ги објави сите девет прози на книгата јудео-балкански раскази и новели „Светилка за Ханука“, најнапред на англиски јазик, а потоа одново, четири од тие прози, и на јудео-шпански јазик (Ладино). Во 2015 година, расказот на Османли „Свадбата на Дорќол“ беше објавена во тробројот 34-36 на српското списание за литература, уметност и култура „Sent“ од Нови Пазар. Расказот е дел од книгата „Светилка за Ханука“, објавена во „Форум“ во 2008 година, а подоцна од „Икона“ во 2014 година.„Новела на Томислав Османли објавена во Сент“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 14. Книгата „Светилка за Ханука“ е преведена на српски и објавена од книгоиздателството „Прометеј“ од Нови Сад во август 2021 година.www.prometej.rs Неговиот прв роман „Дваесет и првиот“ е објавен во Хрватска, Србија, Русија, Црна Гора, Бугарија и Египет, романот „Зад аголот“ е објавен во Србија и Турција, а романот „Брод. Конзархија“ во Србија.

За книгата раскази и новели „Светилка за Ханука“ Османли во Македонија ја добил наградата „Прозни мајстори“ во 2009 година.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите|Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 359.

Во 2010 романот „Дваесет и првиот“ станал добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Оваа книга подоцна била избрана за македонски кандидат на наградата „Балканика“ за 2009.

Томислав Османли од грчки јазик во 2011 година го преведе клучното дело на Никос Казанѕакис неговата филозофска поема „Духовна вежба - Salvatores dei“ или „Аскеза“.

Наградата „Урбан“ (2013) му беше доделена за неговиот комплексен роман „Зад аголот“.

Во 2018 година за песната „Љубов“ (L`Amore) Османли ја доби Прваta награда на меѓународниот конкурс „Angelo La Vecchia - Анте Поповски“ во универзитетскиот град Каникати (Canicattì) на Сицилија, Италија.

Истата година му припадна една од двете највисоки државни награди, „Св. Климент Охридски“, доделена за богатото и разнородно творечко дело.

Со оригиналната прозна книга „Парадоксикон“, стана лауреат и на книжевната награда „Рациново признание“ за 2020 година.

Во 2022 година стана лауреат и на највисоката државна награда „11 Октомври“ за целосен творечки опус.

2023 година македонскиот Европски институт го награди со признанието Европска личност на годината, од Македонија

2023 година српското издание на неговиот роман „Бродот. Конзархија“ беше прогласен за победник (ex aequo, со романската писателка Mariana Kunbar Selma) во категоријата за најдобар роман, на интернационалниот конкурс "Zheng Nian Cup" што во организација на погеќе тамошни институции се одржува во Пекинг, НР Кина.

Хрватското книжевно друштво - Одделот Задар на 28.11.2023 го награди со својата највисока награда „Donat“ за животно дело.

Стрип трип фестивалот од Скопје на 6.06.2025 му ја додели највисоката награда „Македонско Стрип Наследство“.

Творештво

Книги “Филмот и политичкото”, издание “Млад борец”, Скопје, 1981 – Прва теоретска книга за филмот во Македонија; прва книга на тема филм-политика во поранешна Југославија; промовирана во Институтот за филм во Белград, 1982 “Стрип, запис со човечки лик”, издание “Млад борец”, Скопје, 1987 – Прва книга од областа на стрипот и сѐ уште единствена книга од теоријата на „деветтата уметност“ во Македонија; книга на годината во Југославија според сараевски “Naši dani”; втор настан во доменот на стрипот во Југославија според загрепски “Polet” “Скопски диптих”, сценарија, изд. “Студентски збор”, Скопје 1991 – две наградени долгометражни играни сценарија “Медиумот што недостасува”, урбани есеи, изд. “21”, Скопје 1992 и изд. „Бегемот“, Скопје, 2020 “Ослушнувања во глуво доба”, политички есеи, изд. “21”, Скопје 1993 “Пеперутката на детството”, раскази, “Мисла”, Скопје ,1993 “Двајца во Еден”, пиеса (на македонски и англиски) и стрип со Александар Сотировски, “Ѓурѓа”, Скопје, 1995 “Новиот цар”, божиќна мистерија, “Ѓурѓа”, Скопје, 1998 – Прва театарска пиеса на библиска тема во Македонија, "Арс ламина", Скопје, 2017 “Ѕвездите над Скопје”, пиеси, Дирекција за култура, Скопје, 2000 – Наслов селектирана во годишникот на Encyclopedia Britannica 2001 “Виолетни светлини и сенки, раскази, “Матица македонска”, Скопје 2001 – Со првонаградената холокауст новела “Сликите на тетка Рашела” “Стрип, запис со човечки лик”, Млад борец", Скопје, 1987; второ дополнето издание, “Култура”, Скопје 2002 “Пат за Парамарибо/Trip to Paramaribo”, драма, “Култура”, Скопје 2003 “Игри низ жанровите”, избор на драми, “Култура”, Скопје 2004 “Приказни од Скопје”, “Култура”, Скопје раскази, 2004 и 2010 “Апокалиптична комедија/Apocalyptic comedy”, “Култура”, Скопје драма, 2006 ; "Ματζέστικ", University studio press, Θεσσαλονίκη 2004. “Луѓе од меѓувреме”, три сценарија од различни жанрови, “Блесок”, Скопје, 2008 “Светилка за Ханука”/Lamp for the Festival of Light, јудео-балкански раскази и новели, “Форум”, Скопје, 2008/ "Светиљка за Хануку", "Прометеј", Нови Сад, 2021. “Каприча”, раскази, “Магор”, Скопје 2009. “Дваесет и првиот”, роман, “Блесок” 2009. “Граѓански простор“, студија, “Блесок“ 2011. “Зад аголот“, роман, “Магор“, 2012. "Бродот. Конзархија", роман, дистопија, 2016. "Океан од слики", збирка раскази и каприча, 2018 "Тајното братство на носталгичарите", 2018 "Драми за Скопје", книга 1 & книга 2, 2019 "Нови драми"- две пиеси: "Нишала од злато" и "Враќање дома", 2019 "Најстари приказни" - Митови од мугрите на западната цивилизација, 2020 "ПараδΩξicoN"/"Парадоксикон" - фантазии, очудувања, каприча, фарси и гротески - парадокси во проза, збирка раскази, 2020 "Бдеења Блажеви - Пеења до потомците", поема, 2021 "Средби и разговори - со доајени на нашата уметност", шест опсежни интервјуи, 2021 "Стрип - деветтата уметност" - Запис со човечки лик/Антропоморфизмот на стрипот; Од развојот на медумот од актуелната идеологија и типографија на деветтата уметност, 2021 "Столб што пее", роман, 2022 "Заборав", роман, 2023 “Дваесет и првиот”, роман, прва книга од повеќегодишната серија „Избрани дела на Томислав Османли“, „ВиГ Зеница” 2026.