Снежана Захариева (8 јули 1963, Куманово) – анестезиолог и директор на Општа болница Куманово. мини|Снежана Захариева3 мини|Снежана Захариева2

Образование Основно и средно образование завршува во Куманово. Дипломира на Медицински факултет во Скопје 1988 година.

Завршила специјализација по анестезиологија со реанимација.

Кариера Од 1989 година вработена е во Медицински Центар Куманово. Од 2005 година работи како специјалист - анестезиолог во ЈЗУ Општа болница Куманово.

Беше член е на Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ. Своевремено беше и претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Живот Мажена е и мајка на две деца.