Паркот на резервистите (шпански: Parque de la Reserva) е парк во центарот на Лима во Перу. Паркот има неправилна форма и се наоѓа помеѓу двете главни сообраќајници во Лима, авенијата Арекипа и Пасео де ла Република.

Историја Паркот има површина од 8 хектари и е изграден во неокласичен стил. Паркот бил дизајниран од францускиот архитект Клод Саут и во него се наоѓаат голем број скулптури од познати перуански уметници.

Пред да биде изграден паркот, земјиштето било дел од соседниот Изложбен парк, пред да бидат изградени авенијата 28 јуло и улицата Ларабуре и Унануе. Во 1926 година започнале градежните работи по нааредба на претседателот Аугусто Б. Легиа. Името на паркот е во чест на резервните сили кои се бореле во Битката во Сан Хуан и Чорилјос, како и Битката во Мирафлорес (двете дел од Тихоокеанската војна). Паркот бил завршен во 1929 година.

Галерија

Наводи

Поврзано Лима Плаза мајор