Блидеш — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Вржогрнци. Претставува населба од бронзено време, железно време и доцна антика. На околу 700 м јужно од селото, северно од патот Куманово -Крива Паланка, меѓу Блидешка Река и едно мало поточе се издига висок рид со стрмни падини. Во нивите што се на самиот врв, на површина од околу 150 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси, а се насетуваат и темели од објекти. Веројатно оттука потекнуваат неколкуте бронзени висулци во облик на латинската буква В од железното време што се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 193, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Блидеш — населба бронзено, железно време и доцна антика; Гробишта — црква од средниот век; Гробишта — населба од доцна антика; Вржогрнци; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Вржогрнци