Манастириште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Герман. Претставува градиште од доцна антика. На зарамнета тераса - плато со стрмни страни, се гледаат траги од одбранбен бедем граден од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 194, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцноантичко време; Манастириште — градиште од доцноантичко време; Селиште — населба од доцноантичко време; Црквиште — средновековна црква; Герман; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи