1097 Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу Турците Селџуци и крстоносците. 1147 Започнала Опсадата на Лисабон која траела сè до 25 октомври 1147 година. По ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците. 1520 „Тажната ноќ“ (La Noche Triste) — здружените мексиканско-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес. 1867 Стапил во сила Законот за Британска Северна Америка, со кој се обединиле покраините Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска Конфедерација. Овој датум се празнува како државотворен ден на Канада. 1921 Во Шангај е основана Комунистичката партија на Кина. 1962 Руанда и Бурунди се здобиваат со независност. 1963 Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa. 1979 Сони го патентира вокменот. 1997 Предавање на суверенитетот над Хонгконг од Велика Британија на НР Кина. 2000 Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска
1 јули