Селиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Киселица. Претставува населба од доцна антика.

Спроти наоѓалиштето Градиште, од десната страна на Киселичка Река, на површина од 3 хектари се гледаат остатоци од разурнати објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба од доцната антика; Собориште — населба од доцната антика; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи