Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Кошари.
Претставува градиште од доцна антика.
Над Дурачка Река, на висок рид со доминантна местоположба, чиј врв е зарамнет и зафаќа површина од 200 × 100 м, има добро зачувани остатоци од темелите на бедемот, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцна антика; Кошари; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи