Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Милутинце. Претставува градиште од доцната антика. На високо брдо што се издига над селото, покрај патот Скупи - Пауталија, на самото зарамнето плато се гледаат остатоци од бедем, темели и ѕидови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На западниот дел на градиштето има бунар опкружен со камени плочи поставени вертикално.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бреслики — населба од доцната антика; Градиште — градиште од доцната антика; Дубле — населба од доцната антика; Лебаруша — населба од доцната антика; Падина — населба од доцната антика; Спротива — населба од доцната антика; Милутинце; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи