Ебишница — археолошко наоѓалиште во скопското село Маркова Сушица, Општина Студеничани. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време.

Се наоѓа на 1 км источно од селото, на десниот брег на Умовска Река, кај нејзината утока во Маркова Река. Во нивата на Војо Арсов, на длабочина од 4 м се откриени фрагменти од керамички садови и тегови.

Поврзано Марков Манастир — осамен наод од доцноантичко време во истото село Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи