Ана Витанова Рингачева (родена на во Струмица) — македонска книжевна критичарка, есеистка и професорка.
Покрај воспитно-образовната работа, нејзина голема занимање е науката. Нароредно со нејзинот ангажман во воспитно-образовната постапка, таа истражува во научните сфери и објавува свои трудови. Нејзиниот научен интерес е насочен кон истражувања од областа на народната книжевност, фолклористиката и споредбената митологија од една страна, како и херменевтичкото толкување на современата македонска книжевност од друга страна. Таа се потпишува и како уредник на изданија од областа на книжевноста, најчесто книги од областа на народната книжевност и поетски збирки.
Животопис
Ана Витанова-Рингачева била родена на 2 ноември 1981 година во Струмица. Основно и средно образование го завршила во родниот град. Во учебната 2000/2001 година, таа се запишала како редовен студент на Катедрата по македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, а во 2004 година дипломирала како најдобар студент во групата. Во 2005 година, таа се запишала на последипломски студии на групата Македонска книжевност, а во 2011 година го одбранила својот магистерски труд под наслов „Методички постапки за наставна интерпретација на поетски текст во наставата по литература“ под менторство на проф. д-р Виолета Димова. На 8 февруари 2012 година, Наставно-научниот совет при УКИМ ја одобрила темата за докторска дисертација под наслов „Шаманизмот како `културен остаток` во македонската народна традиција“ под менторство на проф. д-р Нина Анастасова-Шкрињариќ. На 23 февруари 2017 година, Ана Витанова-Рингачева ја одбранила докторската дисертација на тема „Шаманизмот како`културен остаток во македонската народна традиција“ и се стекнала со највисокото звање доктор по филолошки науки.
Како наставник во воспитно-образовната постапка, таа се вклучила во 2007 година, во ООУ „Борис Трајковски“ во Моноспитово, Општина Струмица. Подоцна својата работа ја продолжила како наставник по предметот Македонски јазик и литература во СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица.
Д-р Ана Витанова-Рингачева е еден од основачите на Здружението за наука, литература и култура „Иван Василевски“, здружение посветено на негување на книжевните вредности и популаризација на книгата. Таа е еден од иницијаторите за покренување на списание за наука, книжевност и култура „Зенит“, списание со меѓунарона редакција. Пишува и објавува свои стручни и научни трудови во домашни и меѓународни списанија, а учествува и на повеќе домашни и меѓународни симпозиуми и научни конференции, со трудови публикувани во зборници. Претседател е на Управниот одбор на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ во Струмица.
Ана Витанова-Рингачева има објавено околу педесетина трудови (стручни и научни трудови, рецензии, осврти, критики). Автор е на книгата „Поетскиот дискурс во наставата“ (методички пристап) и Македоника литера, Скопје, 2012, а соавтор на книгата „Струмичко литературно соѕвездие“ (соавтор со Иван Котев), и монографијата „70 години посветеност во образованието“, монографија по повод 70-годишниот јубилеј на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, Струмица, 2016.
Таа била добитник на Годишната награда на Општина Струмица, „Св. Петнаесет тивериополски свешетеномаченици“ за 2016 година, за особен придонес во областа на науката, книжевноста и културата.www.ugd.edu.mk/ УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН И наградата „Горан Бујиќ“ во ЗадарАна Витанова Рингачева ја примила наградата „Горан Бујиќ“ во Задар, ја промовирала и книгата „Шаманизмот во макeдонската народна традиција“ .
Творештво
Шаманистички реликти во македонската народна традиција(2015)Зборник на трудови Културна меморија(5-7 септември,2013) Скопје:Книгоиздателство МИ-АН, 2015, 253-262 Феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција Македоника VIII,19-20, Скопје, 2018,3-10 Да се дофатат нови светлини (Кон книгата Лов на елени од Васил Тоциновски) Македоника VIII,19-20, Скопје, 2018,114-119 Еротскиот фолклор како актуелен предизвик (Иван Котев, „ Играле моми по месечина“, еротска народна поезија и проза од Струмица и Струмичко, Струмица, 2018)Спектар, Скопје,2018
Трудови во списанија, зборници и др.
Фокализацијата и нејзиното манифестирање во македонскиот роман „Пустина”, Разгледи, Скопје, 2009, 1-3, 165-179. Постмодернистички постапки во расказот „Смртта на Евтихиј“ од книгата „Фрески и гротески“ на Венко Андоновски, Современост, Скопје, 2010. Легендата како палимпсест во две поетски рожби на Блаже Конески, Проект Растко Македонија, 2011. Поим за интерпретација на лирска песна, Воспитни крстопати, Скопје, 2012, број 162, 21-22. Поетскиот дискурс во наставниот процес, Воспитни крстопати, Скопје, 2012, број 164, 19-21. Тромеѓата во поезијата на Стојче Балкански и Егејската прародина на Љубен Ташковски – рецидив од стогодишната голгота на македонските откорнатици.Зборник на трудови од Научниот симпозиум „Струмица и струмичко за време на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор“, Струмица, 25-27 октомври 2012 г., Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, 2013, 263-274 (*трудот е реобјавен во списанието Акт, Скопје, 2014, стр. 34-39). Зборовите си одат, но писмото останува. (Кон зборникот Мудроста на вековите, македонски народни пословици и поговорки од Струмица и Струмичко на Иван Котев), Современост, Скопје, 2013, 62, број 2 (септември), 137-141. Распнатата жена на полиците во заклучената библиотека Есеј, Нова критичка мисла. Силата на зборот во афоризмите на Ацо Ѓоргиев. (Краток осврт кон збирката афоризми Каменче во чевелот на Ацо Ѓоргиев) Современост, Скопје, 2014, 63, број 2, стр.116-119. Функцијата на обредите со маски и нивна манифестација во тримерските празнувања и карневалот во Струмица. Зборник на трудови во спомен на Емилија Петковска. Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј -Струмица, 2014, 311-319. . Шаманистички реликти во македонската народна традиција. Зборник на трудови Културна меморија (5-7 септември 2013) Скопје: Книгоиздателство МИ-АН, 2015, 253-262. . Стихозбирката ,,Уа и ура” на Ѓорги Калајџиев – оригинален призвук на македонското поетско писмо, Современост, Скопје, 2015, 64, број 1, 139-145. Компаративен пристап кон мотивот печалбарство во романот „Мојот американски аџилак“ на Стојан Христов и делата на македонските драмски автори меѓу двете светски војни, Современост, Скопје, 2015, 64, број 3, 89-104. Цар Самуил и мотивот Беласичка битка во современата македонска поезија– дијалог меѓу историјата и поетиката. Зборник на трудови од Научниот симпозиум: Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија. Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, 2015, 310-319. Бисерен ѓердан од песни нанижан (Кон книгата „Опеана Струмица“ од Иван Котев), Сè за Струмица, септември 2016, број 47, 28-29.16. Медијаторска атмосферска практика – змејовитиот човек во македонската и здухачот во српската народна традиција. Зборник на трудови од Меѓународниот научен симпозиум: Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија (30-31 октомври 2015) Битола: Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2016, 209-221. Како да се остане човек меѓу луѓето? - Прашање е сега. (Осврт кон книгата афоризми Изгоревме под сенка на Атанас Крлевски). Велес: Велес, XVII, 2016, бр.17, 124-129. 18. Уметност во време на суша. (Кон изложбата на четворица млади струмички уметници: Љупка Галаска-Василев, Никола Пијанманов, Ване Костуранов и Маријан Ѕин) Акт, Скопје, 2017, бр.60,18-20 Тежината на промислениот збор (Кон книгата Јава и сон од Васил Дрвошанов). Современост, Скопје, 2017, 73 (66), број 1, 65-71. Едно поинакво сведоштво за Конески (Промотивна реч кон книгата „Мојот професор пророк“ од Вера Стојчевска-Антиќ) Акт, Скопје, 2017, бр.61, 26-27. Кон творештвото на Киро Донев (По повод 50 години творештво и 75 години живот). Стожер, Скопје, 2017, бр.125, 38-41. Мистичното патување на јунакот во задгробниот свет – шаманистички мотив во сказните од Струмичкиот регион (аналитички пристап). Музејски летопис (Зборник на трудови по повод 65 години „Завод и музеј“ - Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, 2017, 202-224. Стихови од камерната сцена на животот. (Кон книгата Трнот е во надежта од Тања Крмзова-Костиглиола). Современост, Скопје, 2018, 74 (67), број 1, 111-113. Архетипските и митски симболи во драмската трилогија „Вечна игра“ од Митко Маџунков, Манускрипт, Скопје, 2018 (во печат). Феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција, Македоника VIII, 19-20, Скопје, 2018, 3-10. Лечебна е моќта на блажената Блажева поезија. Во: Како го читам Конески, Македонски збор 4, Фондација „Небрегово“, Скопје, 2018, 33-47. Шаманистички претстави за задгробното патување на херојот во сказните (врз примери од македонскиот и српскиот сказничен фолклор). Зборник на трудови од: Меѓународната научна конференција за меѓународните и интеркултурните релации: Врските меѓу Р. Македонија и Р. Србија низ вековите и денес (19 – 20 мај 2017) Битола: Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2018, 601-616. Еротскиот фолклор како актуелен предизвик (Иван Котев, „Играле моми по месечина“, еротска народна поезија и проза од Струмица и Струмичко, Струмица,2018). Труд во списанието „Спектар“.
Рецензии, осврти и критики
Отелотворено детство (краток осврт кон збирката раскази И јас го видов Тито на Лазар Партиков). Во: Лазар Партиков. И јас го видов Тито. Битола: Дата Песнопој, 2012, 101-105. Стихови од корен откорнати (осврт кон стихозбирката Аманети од разочарано дрво од Стојче Пасков). Во: Стојче Пасков. Аманети од разочарано дрво. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2013, 5-8. 3. Предверме созреана младост (осврт кон стихозбирката Зборовите останаа на прагот од Габриела Петрушева). Во: Габриела Петрушева. Зборовите останаа на прагот. Струмица: ЗКУ „Сцена”, 2013, 9-12. Мисли во расчекор докоснати (краток осврт кон книгата афоризми Крлук на Атанас Крлевски). Во: Атанас Крлевски. Крлук. Скопје: Македоника литера, 2014. Повеќе од една поетска (краток осврт кон стихозбирката Уа и ура на Ѓорги Калајџиев). Во: Ѓорги Калајџиев. Уа и ура. Струмица, 2014, 9-15 . Трите страни на Еросот – жена, татковина и поезија (краток осврт кон стихозбирката Теа на Лазар Динев). Во: Лазар Динев. Теа. Струмица, 2014, 3-10 Жената – муза на афоризмот (краток осврт кон книгата Цветен пазар на Атанас Крлевски). Во: Атанас Крлевски. Цветен пазар. Скопје: Македоника литера, 2014, 51-57. Илјадалетна (краток осврт кон драмата Царот Владислав од Борис Јанков). Во: Борис Јанков. Царот Владислав. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2014, 159-161. Филозофија на мудроста или мудра филозофија (краток осврт кон книгата Филосовски фрагменти, афоризми, премиси, изреки од Лазар Динев). Во: Лазар Динев. Филосовски фрагменти, афоризми, премиси, изреки. Струмица, 2014, 238- 245. . Кон праизворот на поезијата (предговор на книгата Сликање на ангелот, Иван Василевски). Во: Иван Василевски. Сликање на ангелот. Скопје: Матица, 2015, 5-39. Премостени соништа (осврт кон стихозбирката Кула во сонот, 2013). Во: Иван Василевски. Сликање на ангелот. Скопје: Матица, 2015, 638-647. Стихови – неизгаснати жарчиња од огништето на животот (краток осврт кон стихозбирката Згаснато огниште од Нада Ѓоргиева). Во: Нада Ѓоргиева. Згаснато огниште. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2016, 5-12. Недопишан стих од катренска строфа (краток осврт кон стихозбирката Гледач во небото од Ице Беличев). Во: Ице Беличев. Гледач во небото. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2015, 6-11. . Обоени слики во црно-бел свет (краток осврт кон стихозбирката Бура од убавини на Билјана Ѓеоргиева-Зринк). Во: Билјана Ѓеоргиева – Зринк. Бура од убавини. Струмица, 2015, 87-92.