Оваа статија е за Општина Трговиште во Србија. За останати места со називот Трговиште, видете Трговиште (појаснување)

Општина Трговиште е општина на крајниот југ на Србија во Пчињскиот Округ. Седиштето на општината е во селото Трговиште. Во општината има 35 населени места. Според пописот од 2002 година, селото има 1.864 жители, а општината 6.372 жители. Според пописот од 2011 година, општината имала 5.091 жител. Според пописот од 2022 година, општината има 4.316 жители.

Географија лево|мини|290x290пкс|Општина Трговиште во Пчињскиот Округ Во традиционален поглед, територијата на општината приближно се совпаѓа со традиционалната област Горна Пчиња и била дел од северниот дел на поширока Македонија. Општината се граничи со општините Босилеград, Врање, Бујановац и соседната држава Македонија во должина од 47 км.

Надморската височина се движи од 805 метри (во Трговиште), до 1.825 метри на Големи Врх (планината Бела Вода). Земјата има планински карактер и се состои од планини: Бела Вода, Зладовачка Планина, Лесничка Планина, Копљача и Петрова Гора. Реки во Општината Трговиште се: Трипужница, Козједолска, Лесничка Река и Пчиња.

Населени места Освен градот Трговиште, општината ги вклучува следниве населени места (традиционалните македонски имиња на местата стојат во загради онаму кајшто се разликуваат од српските):Прешевска Каза. Македонија. Етнографија и статистика, 1900 г.

Бабина Полјана (Бабина Пољана) Барбаце (Барбарци) Владовце (Владовци) Голочевац (Голочевци) Горновац (Горновец) Горна Трница Горни Козји Дол Горни Стајевац (Горно Стајовци) Дејанце (Дејани/Дејанци) Долна Трница Долни Козји Дол Долни Стајевац (Долно Стајовци) Думбија Ѓерекарце (Геракарци) Зладовце (Зладовци) Калово Лесница Мала Река Марганце (Марганци) Мездраја Нови Глог Ново Село Петровац (Недокрстеник) Пролесје Радовница Рајчевце (Рајчевци) Сурлица Црвени Град (Црвен Град) Црна Река Црновце (Црновци) Шаинце (Шаинци) Шапранце (Шапранци) Широка Планина Шумата Трница

Население Како дел од традиционална Македонија, селата во оваа општина во минатото биле претежно македонски. Дел од населението се иселило понајуг, во денешниот Североисточен Регион на Р Македонија. По Втората светска војна, бројот на жители на општината бил над 15.000, но оттогаш трае процесот на економско селење на населението во поразвиените области. Денес во општината живеат нешто повеќе од 5.000 луѓе.

Етничкиот состав на општината: Народност НаселениеУдел (%)Срби4.97797,76Роми290,57Македонци270,53Бугари140,27останати440,86Вкупно5.091

Економија Општина Трговиште е најмалку развиена во Република Србија. Општината е далеку од главните железнички патишта, а независноста на Република Македонија и создавањето на физичка државна граница имало особено неповолно влијание на оваа област. Во средината на 1980-тите биле изградени погоните на „Симпо“ (160 работници), „Јумко“ (400 работници) и „Коштана“ (400 работници). Од нив до денес опстанал само погонот на „Симпо“.

Личности Крсто Ковачев Трговишки — четник Стојан Коруба — четник Чакр-паша — ајдук

Наводи

Надворешни врски

Гранични прелаз и туризам једина нада (Граничен премин и туризам единствена надеж) - напис од Гласа јавности Сателитска слика на Трговиште