Зоран Ѓорѓиевски (18 ноември 1958, Куманово) – македонски политичар и хирург.
Образование Специјализира општа хирургија на Медицински факултет при Универзитет Ниш.
Кариера Ѓорѓиевски е хирург вработен во Општа болница Куманово повеќе од 30 години.
Во својата кариера во два наврати се кандидираше за градоначалник на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како противкандидат на Зоран Дамјановски од СДСМ.
Два мандати е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.