Ице Беличев (роден на во ) — македонски поет и текстописец.

Животопис

Ице Беличев е роден на во . Основното училиште завршил во с. Муртино, Струмичко, а средно медицинско училиште во СОУ „Јане Сандански“ во Штип. Високото образование го продолжил на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и дипломирал на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Денес работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.

Освен професор тој е поет, текстописец и голем поддржувач на секакви поетски и културни манифестации ширум земјата, но и надвор од неа. Со поезија се занимава уште од најрана возраст, а неговите први творби се забележани во некои списанија. Денес учествува на голем број поетски и литературни конкурси и манифестации како и на повеќе поетски фестивали, меѓу кои, „Литературни искри“, Гостивар, „Збор“, Кочани, „Лирични гласове“, Софија, Р. Бугарија, „Мелнички вечери на поезија“ во Мелник, Р. Бугарија и многу други. Дел од неговите песни се наградувани не само во Македонија, туку и надвор од неа.

Творештво „Гледач во небото“ – стхозбирка, објавена 2015 година „Чекор помеѓу“ – стихозбирка, објавена 2019 година, која била избрана за поетска книга на годината на манифестацијата „Планетопија“ „Стариот жетвар“ – стихови објавени во стихозбирката „Скршнување“

Освен тоа, Беличев е: застапен со поезија во поетскиот алманах „100 илјади поети за промена“ во 2017 и 2018 година Застапен со поезија во повеќе списанија, меѓу кои: „Зенит“, „Современи дијалози“, „Раст“ и други застапен во бугарскиот алманах за литература, „Огниште“ во 2019 година - Застапен со поезија на голем број електронски портали

Ице Беличев како текстописец се јавува како автор на повеќе народни фестивалски песни, за кои има добиено награди. Тој е автор на првонаградената песна на Фолк Фест Валандово во 2018 година „Горда мајка“, изведена од Благица КалеваГордата мајка Благица Калева победи на Фолк Фест „Валандово 2018“ - strumicanet.com. Освен тоа, Беличев се јавува и како автор на поголем број песни за детски фестивали.

Награди Во 2019 година ја добил годишната награда како признание на Општина Струмица во областа на културата и книжевноста.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поети Категорија:Писатели од Струмица