Дере или Кај Чешмата — археолошко наоѓалиште во охридското село Требеништа, Општина Дебрца. Претставува населба од бронзеното време.
Во северозападниот дел на селото, лево од патот Охрид - Кичево, веднаш до некогашната чешма, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. При копањето на земјата за изработка на тули, на длабочина од 0,80 м е откриена јама во која е најдена фрагментирана камена секира со отвор за држалка на средината.
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи