мини|350п|Манеки-неко со моторна рака ги повикува клиентите да купат билети за лотарија во Токио, Јапонија. Манеки-неко (招 き 猫, „повикувачка мачка“) е вообичаена јапонска фигурина за која често се верува дека му носи среќа на сопственикот. Во модерно време, тие обично се направени од керамика или пластика. На фигурината е претставена мачка, традиционалнa домашна јапонска Бобтејл мачка, со подигната шепа во јапонски гест за повик. Фигурините често се прикажуваат во продавници, ресторани, салони за пачинко (игра), продавници за хемиско чистење, перални за перење алишта, барови, казина, хотели, ноќни клубови и други деловни активности, генерално во близина на влезот. Некои Манеки-неко денес се опремени со механичка шепа која полека се движи напред и назад.

Манеки-некоo доаѓаат во различни бои и стилови и се разликуваат во деталите. Заеднички бои се белата, црната и златната боја. Во прилог, Манеки-неко може да се најде во форма на синџир за клучеви, касички за пари, освежувач за воздухот, саксии и бројни други предмети. Манеки-неко понекогаш се нарекуваат едноставно "среќни мачки".

Заеднички одлики мини|250п|Манеки-неко Традиционално, Манеки-неко се насликани како седат, држат кобан (јапонски златник од Едо), со едната шепа подигната во гест за повик. За некои западни жители (Италијанците и Шпанците се исклучоци) може да се види како Манеки-неко мавта, наместо да повикува. Ова се должи на разликата во гестовите и говорот на телото што ги признаваат некои западњаци и јапонци. Јапонскиот гест за повикување се прави со држење на раката поткрената, дланката надолу и постојано преклопување на прстите надолу и назад, аналогно, изгледот на мачката. На некои Манеки-неко направени специјално за некои западни пазари, шепата на мачката е свртена нагоре, во гест со повик што им е попознат на повеќето западњаци.

Манеки-неко може да се најде со подигната десна или лева шепа (а понекогаш и со двете). Значењето на десната и левата крената шепа се разликува со времето и местото. Фигурина со подигната лева шепа е да се добијат повеќе клиенти, додека подигнатата десна е да се добијат повеќе пари. Оттука, исто така, се вели дека онаа со лева шепа е за бизнис, а со десната е за дома. мини|лево|Среќен портокалов Манеки-неко со јака и ливче што ѕвони. Некои Манеки-неко имаат движечки раце на батерии или се напојуваат на сончева енергија, бесконечно вклучени во гестот со повик.

Бои Првично, Манеки-неко биле бели, но со текот на годините, со комбинацијата на Фенг Шуи, се родиле различни варијации во однос на бојата. Оригиналната бела боја е да се добие целокупна среќа, црната е да го одврати злото, црвената за добро здравје, жолтата или златната се за богатство, а розовата е за романса.

Состав Антички примери на Манеки-неко можат да бидат изработени од резбано дрво, камен и метал, рачно изработен порцелан или леано железо.

Потекло лево|мини| Дрвен калап за фигура Манеки-неко и Окигари-Кобоши Дарума фигурина од Едо период, XVIII век, музеј во Бруклин.

Историја мини| Глинена кукла од Танка, во Фушими, Кјото. мини| „Јорури-мачи Ханка но зу“ од Утагауа Хирошиге, 1852 година, Обично се верува дека Манеки-неко потекнуваат од Токио (порано се викал Едо), додека некои инсистираат дека станува збор за Кјото. Манеки-неко првпат се појавил во подоцнежниот дел од Едо периодот во Јапонија. Најраните записи за Манеки-неко се појавуваат во записот на „Букоо ненпјоу“ (хронологија на Едо) од 1852 година. Укијо-е на Утагауа Хирошиге „Јорури-мачи Ханка но зу“, насликана исто така во 1852 година, го прикажува Марушиме-неко, варијација на Манеки-неко, што се продавала во храмот Сенсо, Токио. Во 1876 година, за време на ерата Меиџи, тоа било споменато во напис во весник, и постојат докази дека во тоа време Манеки-неко облечен во кимоно, бил дистрибуиран на светилиште во Осака. Реклама за „Манеки-неко“ од 1902 година посочува дека до крајот на векот тие биле популарни. Надвор од ова, точното потекло на Манеки-неко е неизвесно. мини|лево|220п|Манеки-неко посветени на Буда во храмот Гоутоку-џи во Токио, Јапонија.Gotokuji Temple: Tokyo's "Lucky Cat" Temple Некои забележале сличности помеѓу гестот на Манеки-неко и мачка што си го мие лицето. Постои јапонско верување дека мачка што го мие лицето значи дека посетителот наскоро ќе пристигне. Ова верување може да биде поврзано со уште постара кинеска поговорка која вели дека ако мачката си го измие лицето, ќе врне. Така, можно е да се појави верување дека фигура на мачка што го мие лицето ќе донесе клиенти. Во своите „Разновидни залаци од Јујанг“, кинескиот автор од династијата Танг, Дуан Ченгши (803? –863) напишал: „Ако мачката ја крене шепата над ушите и го мие лицето, тогаш ќе дојдат покровители“. Статуи на мачки кои ги мијат ушите (иако се многу различни од стилот на Манеки-неко) се пронајдени уште во династијата Северна Веи (386 до 534 г. н.е.).

Постојат многу легенди за раѓањето на Манеки-неко, од кои најпопуларна е легендата за храмот Готоку-џи. Во XVII век, сиромашен монах живеел во малиот храм Зен во Сетагаја, Токио. Иако неговиот живот бил многу тежок, тој ги споделувал своите оскудни оброци со својата миленичка мачка, која залутала во храмот. Еден ден, еден самурај лорд Ли Наотака од областа Хиконе Домен бил на пат да лови кога одеднаш наишла бура и тој морал да побара безбедност под едно големо дрво во близина на храмот. Засолнувајќи се таму, тој ја забележал мачката, кревајќи една шепа како да го мавта до храмот. Љубопитен, ја оставил стреата и се упатил кон храмот за подобро да ја разгледа чудната мачка. Додека го правел тоа, гром го уништило дрвото под кое штотуку стоел. Наотака бил толку благодарен, што тој станал покровител на храмот, го поправил за да стане попростран. Кога мачката умрела, таа била погребана во посебни гробишта за мачки. Во храмот, направена е Манеки-неко статуа, во знак на сеќавање на оваа посебна мачка, која оттогаш се почитува до ден денес. мини|200п|Кинески Манеки-неко со подвижна рака на батерии. Алтернативно, според една народна приказна, стопан на сиромашна продавница (или гостилница, таверна, храм и сл.) вдомил гладна скитничка мачка и покрај тоа што едвај имал доволно да се прехрани. Како благодарност, мачката седела пред продавницата повикувајќи му клиенти, со што на добротворниот сопственик му донело благосостојба како награда. После тоа, "повикувачката мачка" станала симбол на среќа за сопствениците на мали бизниси.

Во популарната култура

Современото јапонско суеверие сугерира дека чувањето талисман за среќа, како што е Манеки-неко, во спални соби или места за учење, ќе донесе поволни резултати и успеси во животот.  Поради нејзината популарност во кинески и виетнамски заедници (вклучувајќи Chinatowns во САД). За Манеки-неко често погрешно се смета дека е од кинеско потекло наместо јапонско, и е погрешно се нарекува "кинеска мачка за среќа" или џинмао [jīnmāo („златна мачка“)]. Оваа мачка е исто така распространета во домовите во Кина.

Покемонот по име Мјау се заснова на Манеки-неко.

Нета ја извела својата песна „Играчка“ пред два полни sида со Манеки-неко на Евровизија 2018. Таа победила на натпреварот откако собрала 529 бода на финалето.

Галерија

Поврзано

Бакенеко Кукла Дарума Фукусуке Хелоу Кити Џин Чан (жаба за пари)

Наводи

Белешки

Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Јапонска култура Категорија:Јапонска керамика Категорија:Кинеска култура Категорија:Статии со текст на јапонски