1054 Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина. 1776 На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста. 1802 Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк. 1855 Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“. 1862 Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка. 1918 Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар). 1939 Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот. 2004 Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска. 2012 По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон. 4 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 4 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.