Св. 40 Маченици — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Орман, Македонија.

Претставува некропола од доцна антика. На 1 километар западно од селото, на јужниот крај на дворот на црквата „Св. 40 маченици“, уште пред Втората светска војна е откриена мала засводена гробница со насоченост запад-исток. Пробиена е од западната страна и веројатно ограбена уште во минатото.

Поврзано Барица — населба од неолитското време; Брес — населба од средниот век; Коњушница — населба од железното и раноантичкото време, некропола со мавзолеј од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Манастириште — црква и некропола од средниот век; Орман; и Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.

Наводи

Категорија:Орман (Скопско)