Ограда — археолошко наоѓалиште во скопското село Бучинци. Претставува утврдена населба - опидум од раноантичкото време. Неколку стотици метри јужно од селото, при изградбата на браната за наводнување се откриени темели од градба. На релативно мал простор се среќаваат делови од керамички садови и градежен материјал (камен, тегули).
Поврзано Градиште - градиште од раноантичкото време и римското време; Бучинци; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.
Наводи