Шипков Дол — археолошко наоѓалиште во богданското село Стојаково. Претставува археолошки наод - населба од хеленистичко време На 2 км западно од селото, на јужните падини од Голем Рид, во нивите на Спасо и Ѓорѓи Каеви, на површина од 300 × 100 м се гледаат грамади од кршен камен, тегули, имбрекси и многу фрагменти од керамички садови и питоси. Најдени се и повеќе камени плочи од гробни конструкции - тип циста. Сопствениците на нивите нашле сребрени монети од Александар Велики и бронзени монети од доцноантичкото време. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија и кај сопствениците на нивите од Стојаково.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 114, ISBN 9789989101069
Поврзано Друмот I — Мост од римско време; Друмот II — Мост од римско време; Зад Камен — населба од доцноантичкото време; Кошкут — населба и некропола од доцноантичкото време ; Сред Село — населба од железното време; Шипков Дол — населба од хеленистичкото време и некропола од доцноантичкото време; Стојаково; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Стојаково