1402 Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство. 1903 Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“. 1924 Во Париз е основана Светската шаховска организација. 1944 Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени. 1969 Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод. 2001 Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери. 2026 Енди Бернам станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на Кир Стармер како водач на Лабуристичката партија. 20 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 20 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.