„Абер ми дојде од Солуна града“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни. Песната е посветена на Гоце Делчев кој пристигнува во Солун кој во меѓувреме е баран од османлиската власт. Во градот тој е застанат од аскери и го прашуваат за него, но бидејќи е преправен во ќумурџија, тие не го препознаваат дека е самиот Гоце Делчев и така тој избегнал негово фаќање. Песната има ајдутски карактер.

Одлики Песната е во изворен 7/8 такт.

Текст -Абер ми дојде од Солуна града: солунчаните бесилка стаиле, ќе ми го бесат Гоцета, Гоцета Делчев војвода.

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче па ми се шетал Солунска чаршија. На среќа сретнал аскери и на Гоцета зборуваат:

- А бре ѓаурче, црно ќумурџиче не ли го виде Гоцета, Гоцета Делчев војвода?

- А бре аскери, вие бре аскери и да го видам Гоцета, јас Гоце не го познавам.

Наводи

Надворешни врски Абер ми дојде од Солуна града (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Гоце Делчев