Запеј песна Македонко — македонска народна песна. Песната е посветена на една Македонка која со песна требала да ги поздрави и сплоти сите Македонци низ целата Македонија, поделена во неколку држави. Песната исто така говори за тоа како на песната ќе и се придружат сите Македонци од разните краеви на Македонија.
Текст -Запеј песна Македонко, ти испрати голем поздрав надалеку. Поздрави браќа, сестри на три страни од Охрид, до Пирин, дур' до Солуна.
Твојта песна Македонко, ќе расплаче многу срца разделени, невидени браќа, сестри многу години со тие граници разделени.
Запеј песна Македонко, да се зберат браќа, сестри Македонци, сите ние да запејме, да се чуе од Охрид до Пирин, дур до Солуна.
Надворешни врски Запеј песна Македонко (текст и музика) на pesna.org Запеј песна Македонко, во изведба на Виолета Томовска и Кирил Манчевски на YouTube. Запеј песна Македонко, во изведба на Анета Мицевска и Јовица Наумчевски на YouTube.
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни