Кале — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Возарци. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.

На десниот брег на Црна Река, на доминантен рид со извонредна местоположба и со поглед кон влезот во клисурата се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Населбата зафаќа површина од околу 100 × 90 м.

Поврзано Голема Страна — некропола од доцноантичко време спроти ова наоѓалиште Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи