ТВ-серијата Пријатели (англиски: Friends) — наградувана американска комедија за група од шест пријатели кои живеат во Њујорк. Премиерно е прикажана од 1994 до 2004. Создадена е од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а продуцирана од Кевин С. Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн. Оваа серија е една од најпопуларните серии на сите времиња, и е прикажана во повеќе од 100 земји. Последната епизода е една од најгледаните епизоди во САД.

Во Македонија, серијата првобитно беше емитувана на неколку телевизии, но првпат во целост беше прикажана на А1 телевизија. Во 2008, серијата беше во целост репризирана на А2 телевизија.

Потекло ТВ серијата Пријатели е создадена во 1994 од Дејвид Крејн во Бурбенк, Калифорнија. Серијата ги има како цел младите, чии интереси за време на 1990-те беа кафéата, излегувањата и независноста. Двајца од ѕвездите на серијата, Метју Пери и Џенифер Анистон претходно имале учествувано во неколку неуспешни ситком пилоти. Лиса Кјудроу исто така имала искуство со ситкоми, благодарение на нејзината улога како Урсула Буфе во „Луд по тебе“(Mad about you). Во оваа серија, било откриено дека Урсула била сестра близначка на ликот на Лиса во Пријатели, Фиби. Кјудроу учествувала и во снимањето на пилотот на Фрејзер, во улогата на Роз, но била заменета. Кортни Кокс веќе имала поголемо искуство како телевизиска и филмска глумица, со нејзините улоги во Ace Ventura: Pet Detective, и малите појавувања во ситкоми како Seinfeld и Family Ties (Семејни врски). Писателите на Пријатели го барале Дејвид Швимер за улогата на Рос Гелер уште на самиот почеток. Тој бил најпознат по неговата работа на Бродвеј, но исто така и изрежирал неколку епизоди од Пријатели. Мет Лебланк се појавил како Вини Вердучи, дечкото на Кели Банди во Married... with Children во раните 1990-ти. Пред да му биде доделена улогата на Џои Трибијани, тој работел адвертајзинг и манекенство.

Појавувања во серијата ТВ серијата Пријатели имала многу познати личности како второстепени ликови. Некои од овие се Бред Пит, Брус Вилис, Џорџ Клуни, Шон Пен, Дени ДеВито, Робин Вилијамс, Хелен Хант, Брук Шилдс, Џулија Робертс, Сара Фергусон, Бен Стилер, Алек Болдвин, Ралф Лорен, Ана Ферис, Сузан Сарандон, Винона Рајдер и Изабела Роселини. Исто така, четири ѕвезди од CSI глумеле во Пријатели: Аиша Тајлер од CSI: Лас Вегас, Еди Калил од CSI: Њујорк, и Емили Проктер и Софија Милос од CSI: Мајами.

Позадина на серијата Оригинално, требало да се вика Преку Ходникот, Шестмина од Еден, Инсомниа кафé и Пријатели како нас. Пријатели е продуцирана од Брајт/Кауфман/Крејн Продукција, во асоцијација со Ворнер Брос телевизија, за NBC‏‎. Премиерата беше на 22 септември 1994 на NBC, и беше сметана за комедија која мора да се гледа. Последната епизода беше погледана од повеќе славни серии, Фрејзер, Сите го сакаат Рејмонд, Вил и Грејс, Кралот на Квинс и Сексот и градот.

Сезони

десно|мини|250п|Промо постер

Прва сезона (1994 — 1995) Фиби, Моника, Чендлер, Џои и Рос се сретнуваат во Централ Перк откако жена му на Рос ќе сфати дека е лезбијка и ќе се разведе од него. Моника и Рос живеат сами, Чендлер и Џои живеат заедно, а Фиби живее со баба и. Старата пријателка од средно на Моника, Рејчел, влегува во Централ Перк носејќи венчаница, откако избегала од нејзината венчавка со Бери Фарбер. Таа се вселува со Моника, наоѓа работа како келнерка во Централ Перк, но се бори за живеачка, бидејќи претходно живеела богат живот. Рос дознава дека жена му е трудна, и таа раѓа момче кое се вика Бен, и кое е растено од Керол и нејзината партнерка Сузан. Џои и Чендлер имаат врски со многу жени. Чендлер си наоѓа девојка, Џенис, која се појавува во секоја сезона од серијата. Најпозната е по нејзината фраза „Oh... my... God!“

Рос открива дека Рејчел му се допаѓала во средно, и дека сè уште има чувства кон неа. Во текот на целата сезона тој не успева да ѝ каже на Рејчел што чувствува, па Чендлер и Џои му викаат да заборави на тоа. На роденденот на Рејчел, Рос заминува на палеонтолошки пат во Кина. Додека го нема, Чендлер не сакајќи и открива на Рејчел дека Рос е вљубен во неа. Рејчел решава дека би сакала да започне врска со Рос и оди да го пречека на аеродромот кога ќе се врати од Кина, без да знае дека тој се враќа со друга жена, Џули. Фиби запознава еден научник, Дејвид, во кој се вљубува, но тој заминува во Минск за да ги продолжи неговите научни истражувања. Двајцата се разделуваат со скршени срца.

Втора сезона (1995 — 1996) Без да знае дека Рејчел всушност е заинтересирана за него, Рос започнал врска со Џули, една негова стара пријатела, со која се сретнал во Кина. На Рејчел не и се допаѓа Џули бидејќи го сака Рос. Во пијана состојба, Рејчел му остава порака на Рос во која му кажува како се чувствува. Рос ја преслушува пораката и има збунети чувства. Наскоро, двајцата се среќаваат и се бакнуваат. Рос не може да се одлучи со која да остане и прави список на добри и лоши страни за двете жени. Решава дека е вљубен во Рејчел и и раскунва на Џули. Но, Рејчел ја открива листата, му се лути на Рос и одбива да биде со него. Меѓутоа, пријателите гледаат видео лента од матурската на Рејчел и Моника каде што партнерот на Рејчел, Чип, не се појавува. Тогаш тинејџер, Рос вели дека тој ќе ја однесе. Кога Рос се симнува по скалите во одело, Рејчел бега со Чип, којшто задоцнил. Рос изгледа потресен. Во сегашниот ден, Рејчел го бакнува Рос кога гледа колку бил искрен и започнуваат врска.

Џои добива работа како д-р Дрејк Раморе во сапуницата „Денови на нашите животи“ и заработува доволно пари за да се пресели во свој стан, оставајќи го Чендлер, кој пак си наоѓа друг цимер, Еди, којшто е луд. Кога Џои во едно интервју изјавува дека тој самиот си ги пишува репликите, писателите на сапуницата му го убиваат ликот со тоа што тој паѓа во ливтот. Без пари, Џои повторно се вселува со Чендлер и му помага да се ослободи од лудиот Еди. Фиби открива дека има полубрат Френк и почнуваат да се запознаваат. Моника се забавува со Ричард Бурк, офтамологист, пријател на нејзините родители, кој е 21 година постар од неа, но раскинуваат кога Рејчел и кажува дека тој не сака да имаат деца. Кога Чендлер се сретнува со жената со која мирцал, гледа дека тоа била всушност, неговата бивша, Џенис, и тие се бакнуваат.

Трета сезона (1996 — 1997) Рејчел ја напушта работата во Централ Перк за да најде работа во модната индустрија. Ја прифаќа работата во Блумингдејлс понудена од странецот Марк. Рос е убеден дека тој сака да излегува со неа, и е љубоморен. Напнатоста меѓу нив двајца расте, и кулминира со тоа што Рејчел предложува да земат пауза. Откако ќе го слушне Марк во позадина додека тој зборува по телефон, Рос претпоставува дека Рејчел е заинтересирана за него или дека веќе се забавуваат. Пијан и во депресија, спие со друга жена, Клои. Кога Рејчел ќе му каже дека сè уште го сака, тој ќе се обиде да продолжат без да ѝ каже за Клои, но Рејчел ќе дознае од Гантер и, по долга ноќ, тие ќе раскинат. Моника, Фиби, Чендлер и Џои ќе се заглават во собата на Моника и ја слушаат целата караница.

Моника работи во едно ресторанче каде што мора да носи руса перика и незапаливи гради. Еден муштерија, Пит, ја поканува да излезат, но таа го одбива без да знае дека е милионер. Евентуално, решава да излезе со него. Моника одбива да се бакне со него бидејќи не и е привлечен, но откако ќе се бакнат, ќе и стане привлечен. Пит станува опседнат со боксот, и, сакајќи да стане шампион, секој пат ќе биде се поповреден. Моника не може да го гледа како се повредува, и раскинуваат.

Чендлер раскинува со Џенис, и Џои купува пиле за милениче. Џои и Чендлер наскоро ќе почнат да се караат за пилето како да се венчани. Чендлер решава да го врати, но во продавницата не успева, па ја враќа дома заедно со патка. Глумечката кариера на Џои оди лошо. Фиби наоѓа жена која исто така се вика Фиби, и која ги познавала нејзините родители. Таа ги кани пријателите на плажа. Во меѓувреме, Фиби му мести на Рос една нејзина стара пријателка, Бони. Рејчел се согласува само затоа што мисли дека Бони е келава. Рејчел се лути кога Рос почнува да се забавува со Бони, која пак, ненајдено доаѓа со нив на плажа. Рејчел не е среќна и ја тера Бони пак да ја избричи главата, за да не му се допаѓа на Рос. Двајцата почнуваат да се караат и чувствуваат дека сè уште се сакаат. Во меѓувреме, се открива дека постарата Фиби е мајката на Фиби. Сезоната завршува со Рос, двоумејќи се меѓу Рејчел и Бони.

Четврта сезона (1997 — 1998) Рос се одлучува за Рејчел и и раскинува на Бони. Меѓутоа, Рејчел сака Рос да ја преземе целосна одговорност за неверството, додека пак Рос инсистира дека биле на пауза. Не можејќи да се согласат на таа тема, повторно раскинуваат. Од тогаш па низ целата сезона, тие не се согласуваат многу и ретко се наоѓаат во позитивни разговори. Откако Фиби дознава дека постарата Фиби е нејзината вистинска мајка, оди кај Урсула, која пак тоа одамна го знаела, затоа што ја имала самоубиствената порака на нивната „мајка“. Фиби се согласува да биде сурогат мајка (да го носи бебето во својата утроба) на нејзиниот брат Френк и неговата жена Алис. Фиби забременува со три бебиња.

Чои почнува да излегува со една глумица, Кети, но и на Чендлер му се допаѓа. Чендлер се сомнева дека таа спие со нејзин колега, и тоа и го кажува во лице. Таа е навредена и навистина спие со колегата, па затоа раскинуваат. Моника и Рејчел ги разменуваат становите со Џои и Чендлер, откако ќе го изгубат облогот. Девојките го мразат нивниот нов стан, па се обидуваат да ги убедат Џои и Чендлер повторно да се сменат со тоа што им нудат карти за натпревар на Њујорк Никс. Место тоа, се согласуваат на сè-или-ништо облог. Момците победуваат, но додека се на натпреварот, девојките се враќаат во својот стан. За возврат, им нудат на момците да ги гледаат како се бакнуваат една минута.

Шефот на Рејчел ја замолува да ја однесе неговата ќерка Емили, британка, во театар. Меѓутоа, Рос е оној којшто ја носи, додека пак Рејчел излегува со некој муштерија. Рос и Емили се зближуваат и се свршуваат. Групата патува во Лондон за свадбата, со исклучок на Фиби, која е во својот последен месец, и Рејчел, која не сака да го гледа Рос како се венчава. За време на пробната вечер, Моника паѓа во депресија затоа што ја помешале со мајката на Рос и поради фактот дека не е во брак. Чендлер зборува со неа, и завршуваат во кревет. Рејчел сфаќа дека сè уште го сака Рос, и тргнува во Лондон за да му каже. Кога стигнува, ги гледа и решава дека не е во ред да ја уништи венчавката. Свадбата почнува, но доаѓа до ненадеен пресврт кога Рос вели „Јас, Рос, те земам тебе, Рејчел“! Сезоната завршува со отецот како прашува дали венчавката ќе продолжи.

Петта сезона (1998 — 1999) И покрај грешката на Рос, продолжува венчавката, но Емили е бесна на Рос и бега за време на забавата. Групата се враќа во Њујорк каде што Емили му се јавува на Рос и му вели дека ќе останат венчани само ако Рос вети дека веќе никогаш нема да ја види Рејчел. Рос се согласува, но Емили продолжува да бара неразумни работи, како на пример, да се исели од станот бидејќи Рејчел била таму, или да ги фрли сите свои работи и да купи нови бидејќи Рејчел ги допирала. Рос увидува дека бара многу, и излегува на вечера со пријателите, вклучувајќи ја и Рејчел. Кога Емили дознава, Рос ја уверува дека тие се само пријатели, дека ништо нема меѓу нив. Исто така, и вели дека мора да му верува и ја прашува дали таа тоа го може, но Емили чувствува дека тоа е опасно и му вели не. Одлучуваат да се разведат. Рос се вселува со Џои и Чендлер бидејќи го продаде својот стан, но на крај се вселува во станот отспротива на зградата на Моника и Рејчел.

Фиби ја раѓа тројката, Френк Јуниор Јунир, Лесли и Чендлер (Фиби го одбра ова име затоа што мислеше дека бебето ќе биде машко, но иако излезе дека е женско, Френк и Алис сепак го задржаа името). Таа сака да задржи едно за себе, но Френк и Алис не сакаат.