Алан Смит (роден на 28 октомври 1980 во Ротвел) — англиски поранешен фудбалер, кој играл на позициите напаѓач и среден ред.
Технички карактеристики Брз играч, со добра поединечна техника и способен да шутира со двете нозе, Алан Смит израснал играјќи како втор напаѓач и на оваа позиција го изградил своето име за време на својот престој во Лидс Јунајтед. Сепак, кратко по неговото преселување во Манчестер Јунајтед, тренерот на „црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон, кој особено ја ценел неговата агресивност и издржливост, решил да го испроба како играч од средниот ред, улога што Смит ја покривал и подоцна во неговата кариера.
Клупска кариера Лидс Јунајтед Својата кариера Смит ја започнал во Лидс Јунајтед, каде ги минал сите младински категории пред да го направи своето деби за првиот тим. Своето сениорско деби го направил на 14 ноември 1998 во натпревар од Премиер лигата, против Ливерпул на Анфилд, во кој постигнал гол со првиот шут кон голот само три минути подоцна откако влегол во игра од клупата за резерви. Следната недела, тој одново бил стрелец во победата со 4-1 на домашен терен над Чарлтон Атлетик. Овие погодоци му помогнале на тогаш 18-годишното момче да одигра позначајна улога во сезоната 1998–1999, откако станал еден од двајцата напаѓачи на кои најмногу сметал менаџерот Дејвид О'Лири како прв избор на напаѓачки тандем, заедно со холанѓанецот Џими Флојд Хаселбајнк. На 13 јануари 1999 година, Смит постигнал два гола во победата со 3-1 над Рашден и Дајмондс во преиграниот натпрвеар од третото коло на ФА Купот. Веќе во својата прва сезона како професионалец младиот дебитант успеал да импресионира завршувајќи ја со 26 настапи и 9 гола за Лидс во сите натпреварувања.
Следната сезона дебитирал со белите во европските натпреварувања, влегувајќи како замена на местото на Мајкл Бриџис, во победата со 3-1 над Партизан во Белград во натпревар од првото коло на Купот на УЕФА. Својот прв гол во ова натпреварување го постигнал во победата со 4-1 на домашен терен над Локомотив Москва во второто коло. Лидс стигнал до полуфиналето во Купот на УЕФА каде биле елиминирани од Галатасарај (вкупен резултат 2-4). Сепак, освоеното трето место во Премиер лигата (за кое Смит придонел со 4 гола) му овозможило на клубот следната сезона да игра во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Сезоната 2000-2001 Смит ја отворил фантастично постигнувајќи гол во секој од првите четири натпревари на Лидс; тој постигнал по еден гол во двата натпревари против Минхен 1860 (вкупен резултат 3-1 за белите) во квалификациите за Лигата на шампионите, а исто така ги постигнал двата гола за својот клуб во победата со 2-0 на домашен терен над Евертон на отворањето на новата сезона во Премиер лигата како и еден гол во победата со 2-1 на гостувањето кај една недела подоцна. Својата добра форма ја продолжил и во остатокот од сезоната, а неговите голови против , и во втората групна фаза од Лигата на шампионите му помогнале на Лидс да се пласира во четвртфиналето на натпреварувањето, за прв пат по сезоната 1974-1975 кога белите играле во финалето. Со својот седми гол за сезоната во најсилното европско натпреварување, постигнат во победата со 3-0 на домашен терен над шпанската Депортиво Ла Коруња, Смит станал најдобриот стрелец на Лидс во натпреварувањето во ерата на Лигата на шампионите и има само еден гол помалку од општиот лидер Мик Џонс.Leeds United history
Во следните две сезони, Смит бил преместен на позицијата десно крило и неговите голови драстично се намалиле. Сепак, на 14 ноември 2002, тој постигнал четири гола во победата со 4-1 на гостувањето кај израелскиот Хапоел Тел Авив, со кој го престигнал соиграчот Ли Бојер станувајќи најдобар стрелец на Лидс Јунајтед во европските натпреварувања. По финансиската криза во клубот и продажбите на некои играчи како Хари Кјуел, Роби Кин и Мајкл Бриџис, за време на сезоната 2003-2004, Смит се вратил на својата редовна позиција како партнер во нападот на Марк Видука. Тој постигнал 9 голови во Премиер лигата, со кој не можел да го спречи испаѓањето на клубот од лигата, но неговата подготвеност да игра каква било улога на теренот и неговите неуморни напори да ги спаси „Белите“ од испаѓање биле многу ценети од навивачите на Лидс Јунајтед.
Својот последен натпревар за Лидс, Смит го одиграл на 15 мај 2004, во поразот со 1-0 на гостувањето кај . Вкупно за белите забележал 228 настапи и постигнал 56 голаAlan Smith leeds-fans.org.uk пред да ја заврши авантурата во клубот во летото 2004 година кога потпишал за лутиот соперник , трансфер кој бил остро критикуван од некои навивачи на Лидс и сметан за предавство. Подоцна било откриено од страна на Питер Лоример дека единствениот клуб во кој Лидс му дозволил на Смит да оди бил Манчестер Јунајтед, и дека всушност овој трансфер бил инициран од страна на Лидс. Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед бил единствениот клуб кој бил подготвен да ги плати бараните пари од Лидс во готово, наместо на рати (како што понудиле Евертон и Њукасл Јунајтед), Смит се соочил со избор во кој морал да го остави Лидс да оди во администрација или да се приклучи на лутиот соперник и да го спаси својот стар клуб од администрација.
Манчестер Јунајтед По испаѓањето на Лидс на крајот од сезоната 2003-2004, Смит му се приклучил на Манчестер Јунајтед за 7 милиони фунти. Второто поглавје во неговата кариера го започнал на 8 август 2004 година, со натпреварот за Комјунити Шилд против Арсенал, постигнувајќи го и првиот свој гол за клубот - со прекрасен удар надвор од шеснаесеттникот во 55-тата минута - во поразот на неговиот нов тим со 3-1. Својот прв првенствен гол го постигнал против Норич Сити, постигнувајќи го победничкиот погодок во тој натпревар со „фантастичен волеј“ во 49-та минута, откако претходно забележал и асистенција за голот на Давид Белион. По успешниот почеток тој се здобил со неколку повреди кои му ја отежнале неговата прва сезона, предизвикувајќи да пропушти важни натпревари какви што биле полуфиналето на Лига купот против Челси и финалето на ФА Купот против Арсенал на стадионот Милениум, во кое Манчестер Јунајтед загубил по изведување на пенали. Напаѓачот постигнал 10 гола во својата прва сезона, но со добрата форма на Вејн Руни и Руд ван Нистелрој, по повредата тој паднал во втор план и останал на клупата.
Во летото 2005 година, менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пројавил интерес да го "преработи" Смит во наследник на Рој Кин во средниот ред на Манчестер Јунајтед. Фергусон изјавил: „Рој видел одлики кај Алан кои ги гледал кај себе како млад играч, што може да му помогне на Алан да се развие во многу добар играч на таа позиција“. Смит ја добил својата шанса да ги докаже своите квалификации како заменик на Кин кога капитенот на Манчестер Јунајтед бил повреден на почетокот на сезоната 2005-2006. Тој имал период од подолго време во улогата на „сидро“ во средниот ред, но со мала ефикасност. Критиките насочени кон Смит и неговите соиграчи го достигнале својот врв по поразот на Јунајтед на гостувањето кај Мидлсбро со 4-1 и последователниот пораз со 1-0 од Лил во Лигата на шампионите. Се верувало дека Смит бил една од неколкуте ѕвезди на Манчестер Јунајтед кои биле многу критикувани од Кин, во интервјуто за MUTV за кое се сметало дека е премногу експлозивно за да биде емитувано и било испратено на сечење од официјални лица на клубот. По зборовите на Кин перформансите на Смит се нашле под лупа во клучниот домашен натпревар против лидерот во лигата Челси, но тој одговорил решително со многу добра партија во победата со 1-0 што резултирало со тоа да биде избран за играч на натпреварот од страна на британскиот весник The Guardian.
thumb|Смит во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед во 2006. Тој постигнал само еден гол на 33 настапи во сезоната 2005-2006, во победата со 3-1 на гостувањето кај Чарлтон Атлетик. На 18 февруари 2006 година, за време на поразот со 1-0 од Ливерпул на Анфилд во ФА Купот, Смит ја скршил ногата и во истовреме го исчашил глуждот додека се обидувал да го блокира шутот од слободен удар на Јон Арне Рисе, повреда опишана од Фергусон како „една од најлошите која што тој ја видел“. Некои медиуми известиле дека навивачите на Ливерпул го нападнале возилото на брзата помош со кое Смит бил изнесен од Анфилд, но самиот тој ги побил овие тврдења. Тој бил опериран следниот ден, по што проценките биле дека ќе биде надвор од игра околу девет месеци. Една недела подоцна, Манчестер Јунајтед го победил Виган Атлетик со 4-0 во финалето на Лига купот и го освоил овој турнир. После натпреварот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед му оддале почит на Смит со подигање на трофејот во маици отпечатени со зборовите „For you Smudge“ (превод на мак. за тебе Smudge; Smudge - прекарот на Смит, заб. на прев.).
Во пресрет на сезоната 2006-2007, Фергусон го продал својот главен напаѓач ван Нистелрој на Реал Мадрид и рекол дека има намера да го замени со враќање на Смит на неговата природна позиција како центарфор: „Ние ќе го претвориме Алан Смит повторно во напаѓач. Тој наскоро ќе се врати на тренинзите и треба да биде достапен до крајот на август или почетокот на септември." По три настапи за резервите во август 2006 година, Смит се вратил во првиот тим на Манчестер Јунајтед во септември 2006 година, најпрво како неискористена замена во победата со 3-2 на домашен терен над Селтик во Лигата на шампионите на 13 септември, пред конечно да излезе на теренот во последните пет минути од победата со 1-0 на гостувањето над Бенфика две недели подоцна.
Смит го имал својот прв старт после осум месеци во победата на Манчестер Јунајтед со 2-1 на гостувањето над Кру Александра во четвртото коло од Лига купот. Сепак, тој сè уште не бил целосно фит и се појавил само уште еднаш влегувајќи како замена во следните четири месеци. Додека тој го продолжувал својот пат кон целосна рехабилитација, Кардиф Сити и поранешниот клуб на Смит Лидс Јунајтед изразиле интерес за негово додедување на позајмица, но тој рекол дека нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед и сака да се бори за своето место во тимот.
Смит повторно се вратил на теренот во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лил на 7 март 2007 година, влегувајќи на местото на стрелецот на голот Хенрик Ларсон во 75-тата минута од победата со 1-0. Тој го имал својот прв старт на Олд Трафорд по повредата на 14 март во пријателски натпревар против Европа XI во знак на одбележување на 50 години од потпишувањето на Договорот од Рим. Неговиот прв старт на Олд Трафорд во официјален натпревар, се случил на 19 март 2007 година во победата во преигрувањето против Мидлсбро во четвртфиналето на ФА купот.
После неколку последователни натпревари во кои тој влегол како замена или бил заменет, Смит одиграл цели 90 минути во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кое Манчестер Јунајтед ја "прегазил" Рома со 7-1 на Олд Трафорд на 10 април 2007 година; тој го постигнал вториот гол за Јунајтед во 17-тата минута, што бил прв негов гол од ноември 2005 година. Потоа тој бил избран во почетниот состав и во градското дерби против Манчестер Сити на 5 мај 2007 година; Јунајтед го добиле натпреварот со 1-0 и биле крунисани за шампиони на Англија еден ден подоцна, кога нивниот конкурент Челси одиграл нерешено 1-1 на Емирати против Арсенал.
И покрај тоа што имал еден натпревар помалку од потребните 10 настапи за да се добие победнички медал во Премиер лигата, сепак лигата му доделила специјална дистрибуција на Смит за да добие медал во последното коло од сезоната. Тој го направил својот последен натпреварувачки настап за Манчестер Јунајтед една недела подоцна во финалето на ФА Купот против Челси, во првото финале одиграно на новиот Вембли, во кое влегол како замена за Дарен Флечер во втората минута од продолженијата. Јунајтед го загубил тој натпревар со 1-0. Вкупно за црвените ѓаволи тој забележал 93 настапи и 12 гола.
Њукасл Јунајтед