Бакарно Гумно — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чепигово. Претставува населба од бакарното и бронзеното време.

На околу 500 м југозападно од селото има осамена височинка што доминира над рамнината на Пелагонија, на која се среќаваат остатоци од населба. Со ископувањето во 1959 година, извршено од Народниот музеј од Прилеп, се откриени четвртести надземни куќи, множество фрагменти од керамички садови, пластика, коскени и камени орудија, кои упатуваат на преодниот период од неолитот во бронзеното време, односно на бакарното време, како и на почетоците на бронзеното време.

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско

Наводи