Свети Илија — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Левото Маало на селото Вранештица.
Местоположба
Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка со зарамнето плато.
Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.
Историја
Била подигната во XVII век. Според историчарите на уметноста црквата била изградена неколку години по црквата „Св. Ѓорѓи“, односно кон крајот на XVI век.
Архитектура
По обликот и димензиите е слична на црквата „Св. Ѓорѓи“. Архитектурата и живописот се во мошне лоша состојба.
Во црквата има работено познатиот зограф Аврам Дичов.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Вранештица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вранештица Вранештица Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцен среден век Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Кичево Категорија:Археолошки наоѓалишта во Кичевско