Вршник — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Манастирец. Претставува населба од доцноантичкото време. Во лозјата на двајца жители, што се наоѓаат на левата страна од патот за Кавадарци, на 2 км источно од селото, се среќаваат делови од архитектонска пластика (столб, капител и мено). Исто така има и множество делови од керамички садови, питоси и градежен материјал. Наодите се чуваат во Музејот-галерија во Кавадарци.
Поврзано Лаката - населба од римското време; Манастирец - некропола од римското време; Хусков Рид - населба од бронзеното време; Манастирец; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи