Градишта — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Клиново.

Претставува градиште од железно време, римско време и среден век.

На 6 км од утоката на реката Блашница во Црна Река, високо над десниот брег има рид со извонредна местоположба на чие зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура и рачно работени, фрагменти од римска керамика, питоси и грамади од градежен камен. Градиштето ја обезбедувало комуникацијата кон централното подрачје на Тиквешијата и Мариовскиот базен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 152, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бабина Нива — населба од средниот век; Градишта — градиште од железното и римското време и средниот век; Градиштанска Црква — населба од доцноантичкото време; Грозана — средновековно утврдување; Катуништа — населба и некропола од доцноантичкото време; Колиби — средновековно утврдување; Крст — некропола од доцноантичкото време; Прекиот Пат — населба од доцноантичкото време; Самарџица — средновековна населба; Стреј — средновековно утврдување; Тумба — утврдена населба од доцноантичкото време; Черњец — населба од доцноантичкото време; Клиново; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Клиново