Менде Солунчевски (Вирово, Демир Хисар, 1 декември 1963 година) — македонски професор, писател и поет. Тој е вонреден професор на Воената академија „Михаило Апостолски“ - Скопје, на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“ во Свети Николе и Битола, како и на Бизнис академија Смилески - БАС Скопје - Битола.
Животопис Менде Солунчевски е роден во демирхисарското село Вирово. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Демир Хисар. Дипломирал во 1988 година, на група Одбрана, Филозофски факултет, Скопје. Во 2001 година, тој станал магистер по одбрана, а во 2008 година, тој станал доктор по менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Член е на Македонското научно друштво - Битола, Организацијата на резервни офицери на РМ (ОРОРМ), Здружението на дипломирани студенти од РМ на Европскиот центар за безбедносни студии - Џорџ Маршал, Црвениот крст на РМ, Сојузот на борците од НОВ и продолжувачи на делото од НОВ, како и на Литературниот клуб „Изгрев“ од Демир Хисар. Основач и претседател е на здружението на граѓани за афирмација на култура, екологија и рурален туризам „Валавица“ - Демир Хисар.
Работи во Министерството за одбрана - Регионален раководител на Одделение за одбрана за регион Битола.
Книги
Цивилна заштита во Република Македонија (Југореклам, Скопје, 2005) Длабоко од душата (Гутенберг, Битола, 2006) - поезија; Менаџмент на човечки ресурси во Системот за заштита и спасување (Микена, Битола, 2008) Организација и менаџмент на подрачните единици за одбрана (ОРОРМ, Скопје, 2010) Развојот на системот за одбрана и заштита во Општина Демир Хисар во XX век (ОРОРМ, 2013) Прекршување (Гутенберг, Битола, 2013) - поезија; Учеството на демирхисарските воени старешинии војници во војната во 2001 година во РМ (ОРОРМ, 2015) Стратегиски менаџмент (БАС, 2015) - соавтор; Современ менаџмент на системот за заштита и спасување (Македонско научно друштво, Битола, 2018) Ресурси и мерки за заштита и спасување - соавтор со Методија Дојчиновски и Маја Тимовска (КА ЕЛ ЕС ПРИНТ, Скопје, 2018) Папради (Дата Песнопој, Битола, 2019) - поезија; Развојот на валавичарството во Вирово како посебен вид на претпримеништво и семеен бизнис (Дом на културата-Илинден, Демир Хисар,2021) Цивилна заштита, (Македонско научно друштво-Битола, 2022) Менаџмент-коавтор со Габриела Крстевска, (Министерство за образование и наука,Скопје,2024) Организациско однесување - соавтор со Габриела Крстевска (Министерство за образование и наука,Скопје,2025) Демирхисарски гордости, (Дом на културата „Илинден“ - Демир Хисар, 2025) Основи на менаџмент(универзитетски учебник)-коавтор со Љупчо Вчков (Графо Пром, Битола, 2026) Учество на воените старешини и војници од Битола и битолско во војната во 2001 година во Република Македонија (Македонско научно друштво-Битола, 2026)
Научни трудови Менде Солунчевски е автор на повеќе од стотина научни и стручни трудови издадени во домашни и меѓународни зборници и списанија. Има објавено бројни научни трудови од областа на цивилната заштита, улогата на НАТО и слично, а некои од темите на неговите меѓународно објавени научни трудови се однесуваат на визијата и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, културата на Европа и слично. Солунчевски има објавувано трудови во Македонија, во Руската Федерација како и во Бугарија.
Во 2025 година, во соавторство со Лидија Стефановска, во Кишинев, Молдавија, тој ја објавил книгата со англиски наслов: „Innovative approach to the development of small and medium-sized enterprises in the Republic of North Macedonia“.
Наводи
Категорија:Луѓе од Вирово Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје