Шарлоте Ленмане (латвиски: Šarlote Lēnmane; родена на 8 февруари 1998 година) - латвиска пејачка. Таа ја претставувала Латвија на Детската Евровизија 2010 во Минск, Белорусија, по пет години неучествување на Латвија на ова натпреварување.
Ленмане е родена во Рига. На 14 март 2010 година, таа победила на фестивалот во Латвија, наречен „Balss pavēlnieks“ (Господар на гласот) со песната „Dziesma pustumsā“, препев на песната на пејачката Ајша. Ова влијаело на националниот латвиски ТВ канал да ја избере за нивна претставничка на Детската Евровизија.
Таа завршила на 10-тото место на Детската Евровизија 2010 со песната „Viva la Dance“.
Поврзано
Латвија на Детската Евровизија Детска Евровизија 2010
Наводи
Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Латвиски музичари