Ридер (казашки: Риддер, Rıdder; руски: Риддер), порано познат како Лениногорск (руски: Лениногорск) — град во Источноказахстанска Област во североисточен Казахстан. Неговото население е приближно 48 008 жители. Градот се наоѓа во југозападните планини Алтај и североисточно од главниот град на регионот, Оскемен, покрај реката Улба, на надморска височина поголема од 700 метри.
Историја Фактот дека Алтајскиот крај е богат со природни наоѓалишта е откриен за време на владеењето на царицата Катерина Велика. Историјата на Ридер започнала во 1786 година кога 9 баталјони биле испратени во регионот Алтај да бараат наоѓалишта на природни ресурси. На чело на еден од овие баталјони бил офицер, Филип Ридер. На 31 мај 1786 година, тој пронашол многу богат депозит на злато, сребро и други метали. Истата година, во летото, основана е населба и го добива името Ридерска јама.
Во 1879 година примероци од рудите од Ридер, биле вклучени во музејската колекција на Стокхолмскиот кралски институт.
На 10 февруари 1934 година, населбата Ридер беше прогласена за град. Во 1941 година, непосредно пред Хитлер да го нападне Советскиот Сојуз, градот Ридер беше преименуван во Лениногорск (во чест на Ленин).
За време на советскиот период, Лениногорск забележа значителен индустриски раст. Изградени се неколку фабрики- фабриката за олово беше една од првите фабрики за обоената индустрија во Казахстан, додека хидроцентралата Лениногорски беше единствената во Казахстан и втората во Советскиот Сојуз. Изградени се уште неколку рудници и фабрики, вклучувајќи фабрика за цинк, а во овој период беше отворен и универзитет за рударство и металургија.
За време на Втората светска војна, Лениногорск произведе околу 50% од висококвалитетното олово во целиот Советски Сојуз. Во 2002 година градот го врати своето оригинално име - Ридер.
Географија Сместен е на Алтајските Планини во подножјето на сртот Ивановски, во горниот тек на реката Улба (притока на реката Иртиш). Надморска височина во различни делови на градот се движи од 700 до 800 метри надморска височина.
Клима Климата на Ридер е умереноконтинентална, со изразено влијание на надморската височина. Зимата е прилично долга, студена, со изобилство на снежна покривка; летото е прилично кратко и не е топло, со чести дождови, најтопол месец е јули. Нема изразена сезона на врнежи, релативната влажност варира од 50-60% во рана есен до 85-90% во рана пролет.
Население На почетокот на 2019 година, населението на градот изнесувало 48 008 жители, додека на метро областа на градот Ридер живееле 57 107 лица. ГодинаНаселение197072 074197968 135198968 706199169 500199956 269200452 567200849 666201249 356201649 673201948 008
Етнички состав Етничкиот состав на жителите на Ридер (на почетокот на 2020 година): НародВкупноУдел (%)Руси46 39281.24Казаци8 69115.22Германци563 0.99Татари525 0.92Украинци1860.33други7501.31вкупно187 690100.00
Економија Ридер е центар на рударската индустрија и преработката на обоени метали. Другите гранки на индустријата ги вклучуваат дрвната и текстилната индустрија, производство на храна и машинско инженерство.
Транспорт Европската рута Е40, со потекло од Кале, Франција, го има својот источен крај во Ридер. Долга над 8.000 километри (5.000 милји), таа е најдолгата европска рута.
Спорт Во март 2013 година, Ридер беше домаќин на Светското првенство во скијање.
Поврзано
Казахстан Градови во Казахстан
Наводи
Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Населени места основани во 1786 година Категорија:Населени места во Источноказахстанската Област