„Другаришта“ (српски: Другарчине) – југословенски филм од 1979 година, во режија на Миќа Милошевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Милан Гутовиќ, Беба Лончар, Душан Војновиќ, Павле Вуисиќ, Велимир Бата Живојиновиќ и Ратко Милетиќ..РТС, Другарчине (пристапено на 5.11.2022)

Синопсис Војната е штотуку завршена и една група млади партизани се враќа во својот роден град за да го продолжи прекинатото образование. Тие прават сè на „свој начин“ зашто се доволно млади за да одат на училиште и да прават разни незгоди, но и доволно зрели за да реагираат на лагите и неправдата. Бучни, секогаш подготвени на судири, тие стануваат проблем на училиштето, на младинската организација и на командата на градот... Меѓутоа, само што се привикнале на нормален живот, еден од нив во заседа го убиваат четниците. Другарите повторно ги облекуваат униформите, го земаат оружјето в раце и успеваат да го одмаздат својот другар. Тогаш, повторно се враќаат во училиштето, но овојпат решени и таму да го положат испитот на зрелоста.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1979 година Категорија:Филмови на Миќа Милошевиќ Категорија:Филмови со Беба Лончар Категорија:Филмови со Душан Војновиќ Категорија:Филмови со Ратко Милетиќ Категорија:Филмови со Милан Гутовиќ Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ