Калјош Челику е поет, раскажувач, романописец, драмски писател и писател за деца, пишува на албански јазик, роден е во 1951 година, во село Цевица во околина на Кичево.
Животопис
Во родниот крај завршил основно, а Учителско школо завршил во Скопје. Работел како учител. Подоцна студирал и завршил Филозофски факултет во Приштина. Живеел и работел издаваштво во Скопје. Чкен е на Друштво на писатели на Македонија од 1987 година.Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
Дела
- Птицата што дојде со една песна, поезија за деца;
- Зајакот со пушка, раскази за деца;
- Куќичката на светулките, раскази за деца;
- Сонцето слегува од планините, новела;
- Мечка без опашка, проза и поезија за деца;
- Погребот на габрините, роман;
- Снежни години, роман;
- Барабаните на телалот, сатира;
- Господару, лаат пците, драми;
- Трјанскиот коњ низ Бит-пазар, сатира;
- Градскиот гавран, поезија;
- Една година страв, монодрама;
- Станете јунаци, јавнете го моливот, приказни;
- Јунакот се гледа на дело, хумористична поезија;
- Игра на очите, поезија;
- Тато има две невести, роман;
- Грозење, поезија;
- Волкот знае една игра, поезија;
- Градот на кукавиците, роман;
- Синоќа спиев со есента, поезија;
- Жугалото стадо го гони авторот, драми;
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ