Бугарски национален сојуз - Нова демократија (БНС-НД) е ултранационалистичка политичка партија со седиште во Софија, Бугарија. Партијата тврди дека е патриотска и се залага за заштита на бугарските вредности. Нејзин водач е Бојан Расате.
Партијата се спротивставува на прославата на, како што смета, небугарските празници во земјата, вклучително и 9 мај, „Денот на победата“. Тоа привлекува внимание со искажување протести и со практикување граѓанска непослушност. Софија Глоуб ја сметал за десничарска, националистичка партија и коментирал дека има „беспрекорен рекорд никогаш да не освои ниту едно место на избори“.
Цели на партијата Партијата сака силна централизирана државна моќ и ја отфрла сегашната повеќепартиска парламентарна демократија, нарекувајќи ја „компромитирана“. Таа сака да ги распушти сите политички партии и сите организации за кои тврди дека ги поткопуваат темелите на бугарската држава и општество. Според нив, националното собрание треба да биде составено од професионалци, избрани на регионална основа и компетентни во својата област претставници од различно потекло и професија. Средствата за производство и националната економија можат да бидат приватни и јавни, но стратешките сектори на економијата и јавниот живот треба да бидат во сопственост на бугарската држава.
Се залага за војска од мажи и жени и смета дека бугарската „татковина“ е поголема од сегашните граници. Бугарските малцинства надвор од Република Бугарија се составен дел на бугарската нација и државата треба да ги штити нивните интереси со какви било средства - во таквите региони спаѓаат Тракија, Македонија и Добруџа.
Избори
Парламентарни избори ГодинаГласовиРазликаМеста во НС20145559Зголемување од 55590 од 240 места во БНС-НС2017 - - - За парламентарните избори од 26 Март, 2017, Централна изборна комисија одбила да ја регистрира партијата на Бугарската национална унија - Нова демократија за учество на парламентарните избори.
Наводи
Категорија:Бугарски национализам Категорија:Фашистички партии Категорија:Националсоцијалистички партии Категорија:Антикомунизмот во Бугарија Категорија:Фашизам во Бугарија Категорија:Нацизам во Бугарија Категорија:Бугарски фашисти