Огинот – збирка поезија од Венко Марковски, објавена во 1938 година во Софија. Таа е втора стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирката „Народни бигори“ од истиот автор, исто така објавена во 1938 година.

Издавање и значење Стихозбирката ја објавил во 1938 година во Софија, кратко време по „Народни бигори“ откако избегал од Кралството Југославија каде бил прогонуван заради членство во Македонската ослободителна револуционерна организација (МОРО), подоцна преименувана во Македонска младинска револуционерна организација (ММРО).

„Огинот“ со „Народни бигори“ се „првите современи збирки песни објавени воопшто на македонски јазик“

Содржина Во збирката, песните се во духот на народните, претежно љубовни песни, но и социјални, и револуционерни. Во „Огинот“, Марковски внел силабичко-тонска версификација со употреба на двестапковен трохеј. Овој принцип се спроведен во песната „Народниот работник“.

„Век се ежи, грев ли тежи над земња? Камењ пука, змиа клукa по лице.“

Во збирката се застапени тристапковниот, четиристапковниот и петтостапковниот трохеј, а во ретки примери се сретнува и шестостапниот и седмосатпниот трохеј.

Освен трохејот, во некои песни е застапен и јамбот, како спротивставен на трохејот. Јамбот не е типичен за „духот на македонскиот јазик“, Георги Сталев претпоставува дека ова е придобивка од бугарската и руската литература каде јамбот е „предоминантен“.

Стихозбирката му е посветена „На големиот родољубец Петар Глушков со најдобри чувства“. Истата опфаќа 12 песни: Рани... Народниот работник Братоубиец Патриот На меана Ајдушко либе Чорбаџи Спиро Леарите Протата Амалот Жетварите Огинот

Поврзано Венко Марковски Македонска книжевност

Наводи

Користена литература „Основоположници на современата македонска поезија“ од Георги Старделов

Надворешни врски „Огинот“

Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Венко Марковски