Рудина — населба и некропола од римско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. На 500 метри северозападно од селото, на плато со издолжена форма се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Под висорамнинката е откриен гроб од типот циста, со повеќе прилози. Мештанинот Н. Петров на ова наоѓалиште нашол монети, белезици и прстени. Наодите се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.

Поврзано Дубљани — населба од римското време; Корминиш — некропола од доцноантичкото време; Ограѓе — црква со некропола од старохристијанско време; Бистренци; Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.

Наводи

Категорија:Бистренци