Самандере — археолошко наоѓалиште во демиркапиското село Иберли. Претставува населба од доцната антика.

На една височинка со зарамнет врв, што се издига на западниот раб на селото, се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 233, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Самандере — населба од доцноантичкото време; Иберли; Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Иберли