Александар Стерјовски (, - , ) — македонски историчар.
Животопис Стерјовски е роден во Битола во 1933 година. Основно образование и гимназија завршил во родното место. По матурирањето, тој се запишал на Шумарскиот факултет во Скопје, но набрзо се префрлил на Филозофскиот факултет, Југословенска книжевност. По дипломирањето работел како професор по книжевност во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и во Земјоделското училиште во Битола. Бил професор на Педагошката академија, подоцна Педагошкиот факултет во Битола. Двапати бил проректор на универзитетот „Климент Охридски“ во Битола.
Бил раководител на проектот „Печатарството и издаваштвото во Битола“, долгогодишен член на редакцијата на списанието „Развиток“, а бил иницијатор и долгогодишен одговорен уредник на списанијата „Учител“ и „Битола низ вековите“.
Починал на 18 октомври 2025 година во Битола.
Творештво Стерјовски објавил повеќе од стотина статии од областа на фолклорот и битолската историја, како и книгите: 1992 - Брусник 1994 – Последниот охридски гуслар 1999 – Македонските слепи гуслари 2001 - Велушина
2008 – Водоснабдувањето во Битола пред водоводот 2012 – Еден век црвен крст во Битрола 2014 - Чествувања 2016 – Јавното здравство и превентивната здравствна заштита во Битола
Од серијалот Битолско десеткнижие ги објавил книгите 2003 – Битола – Руската колонија 2004 – Битола – Каријатиди на театарот 2009 – Битола – Реката Драгор 2012 – Битола – Записи за злосреќи 2016 – Битола – Спорт 2017 – Битола – Калеидоскоп 2020 – Битола – Градби 2022 – Битола – Музика
Награди 2013 – награда „4 Ноември“ за животно дело
Наводи
Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“