Милка Шопова ( во — ) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.70 години ПМФ Скопје

Животопис

Милка Шопова докторирала во 1961 година во Скопје. Нејзиниот истражувачки потенцијал ја однел на специјализација во институтот Џон Инс Хартворд Хертс во Англија, кај прочуениот научник и предавач, цитогенетичарот Дарлингтон. Своето знаење по цитогенетиката го поткрепува со студискиот престој на Институт за генетика при Универзитетот во Бирмингем.

Држела предавања од областа на цитогенетиката на Универзитетот во Мериленд, САД, и на Универзитетот во Краков, Полска.

Шопова има објавено над 130 научни трудови, претежно од областа на цитогенетика, мутагенеза и анатомија на растенијата. Нејзините трудови освен во домашните (СФРЈ), биле објавувани и во меѓународни, престижни списанија и други публикации. Оставила длабока трага со своите залагања и тридови за развој на Институтот за биологија при Биолошкиот факултет во Скопје.

Наводи

Категорија:Македонски научници Категорија:Македонски генетичари Категорија:Македонски универзитетски професори