мини|254x254пкс|Одредот „Мирче Ацев“ парадно низ ослободено Кичево - 12 септември 1943 г.
Кичево и Кичевско во НОВ — со спогодбата на фашистичките земји од 20 април 1941 година била одредена и демаркациската линија помеѓу двата сојузника, Бугарија и Италија. Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и преспанските села, првично биле окупирани од германските сили, а потоа со посебен декрет, предадени во владение на фашистичка Италија. Италијанците, пак, ја предале цивилната власт на албанските квинслинзи. Во нивно владение потпаѓала една префектура и четири потпрефектури. Судирот на интереси помеѓу Италија од една страна и фашистичка Бугарија од друга, се одвивал токму во Кичевскиот регион, па така на терен паралелно се појавиле и проалбанските слуги на Италија и пробугароманските комитети во служба на Бугарија, а против македонскиот народ.
Првите обиди за организација лево|мини|Владимир Полежиновски|240x240пкс
Македонскиот народ, паралелно со овие настани веднаш започнал со организирање на движење на отпор. Главна улога во организацијата одиграл Кузман Јосифоски - Питу, кој во летото 1940 година, оформил партиско поверенство, но не и организиација, во состав: Ѓорѓи Икономов (секретар), а членувале и Драге Богески, Пепе Јованоски, Перо Волнароски и Томе Буклески. Питу повторно го посетил Кичево во април 1941, заедно со Трајко Бошкоски - Тарцан, но ниту овојпат не била формирана партиска организација. Тоа се случило дури по третата посета, на 10 октомври 1941 година, кога веќе во Кичево се вратиле многу младинци кои биле на образование и работа низ Југославија.
Во куќата на Борис Алексовски - Карче, при овој состанок биле оформена првата партиска ќелија во Кичевскиот регион и притоа за секретар бил избран Пепе Јованоски, а членови Драге Богески, Пецо Чингоски, Нико Пусоски, Борис Алексовски - Карче, Борис Грујоски, Јанко Михајлоски и Владимир Полежиноски.
Окупација на Кичево мини|Репресалии извршени од балистите во Сливово, 1943 г.
Со исцртувањето на демаркациската линија, Кичево се нашло под италијанско-албанска власт, а во непосредна близина на градот исто така биле сместени бугарските окупаторски војски кои имале други планови за дел од територијата која потпаднала под управа на италијанските сили.
Најпрво биле укинати сите воени, судски, просветни и административни органи, а на нивно место се отвориле албански институции, во кои службен јазик бил само албанскиот, а сѐ со цел да се воведе омраза помеѓу македонското и албанското население. Со ова почнале да се формираат и локални балистички банди кои ги водел Мефаил Шеху.
Биле спалени неколку села (Извор, Пополжани, Карбуница) и извршени убиства низ селата Осој, Јагол, Доленци, Карбуница, Осломеј и во неколку други, сè со цел да се заплаши локалното македонско население и да се потчини на новата окупаторска власт. Како најкрвави настани народот ги запомнил стрелањата на членовите на организацијата од село Карбуница извршено во ноември 1943, но и палежите и убиствата во Кленоец. Најголем злостор во Кичевско бил извршен во мај 1944 година попознат како крвав Ѓурѓовден, кога балистичките банди откако ги ограбиле селата Иванчишта и Кленоец, го запалиле селото Попоец а нивните селани ги собрале пред селската црква, каде после тепањето, некои од селаните (претежно мажи), живи ги фрлале во оган. Истото го повториле во селото Малкоец.
Формирање на првите ослободителни чети мини|Мирко Милески
Најголем товар во организацијата на отпорот и борбата за слобода го носела КПМ. Месноста Лопушник била избрана за неформален воен и политички центар за организација и дејствување во Кичевскиот крај. Во непосредна близина била пренесена од Битуше, првата печатница „Гоце Делчев“, но се издавал и партизанскиот билтен кој бил уредуван и редактиран од Кочо Рацин.
Во април 1943 година се создал првиот кичевски партизански одред „Козјак“. Подоцна им се приклучиле борците од крушевскиот одред „Питу Гули“, од Мавровскиот одред „Кораб“, како и борци од Дебрца. Па, така на 21 мај 1943 година се создал Кичевско-мавровскиот партизански одред.
Борба за слобода мини|Митинг во слободно Кичево - 26 септември 1943 г.
Првите акции на овие борци се: нападот на карабинерската станица во Сливово (Охридско), како и општинската зграда во Брждани. Извршени биле и диверзантски акции со сечење на телефонски столбови и рушење мостови. Силен оддек дала нивната акција од 14 јуни 1943, кога на Пресека бил нападнат италијански воз. Оваа акција го подигнала моралот и меѓу населението кое се помасовно се приклучувало кон националното ослободителско движење.
Прво ослободување на Кичево Со капитулацијата на Италија, ноќта помеѓу 8 и 9 септември 1943 се разгореле и битките во овој регион. Албанскиот и малесискиот македонски одред успеале да ја разоружаат и италијанската команда во градот Дебар, дел од дивизијата „Фиренце“. Италијанските војски при повлекување оставале пустош низ селата, а паралелно со нив германските и бугарските окупатори се обидувале да се пробијат и постават на нивните позиции. Па, така на 11 септември 1943 единиците на Првиот кичевски и Вториот мавровски одред го заземале Кичево. Со ова Кичево станува првиот ослободен град во Втората светска војна. Следниот ден им се приклучил и Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ со што била создадена слободна територија од превојот Буковиќ до селото Ботун, со два ослободени градови Кичево и Дебар. Населението од овој крај, уживало во својата слобода 21 ден. Покрај поставување на народна власт, било отворено училиште на македонски јазик во селото Подвис, а низ градот и селата се организирал културно-забавен живот.
Втора окупација на Кичево
Германските војски заедно со балистичките банди на Џемо и Мефаил, извршиле напад на стражарската позиција кај превојот Буковиќ, каде во нерамна борба, целодневен отпор давала четата предводена од комесарот Мирко Милески. Во оваа битка на 1 октомври 1943, загинала целата чета на Милески вклучуваќи го и самиот Мирко. Со ова паднал и Кичево под втора окупација. На 6 октомври бројните германски и балистички групи се судриле со македонските партизани во селото Кленоец, каде нивниот пробив бил сопрен со фронтална битка во самото село. Меѓу жртвите биле Јосиф Јосифоски-Свештарот, Мите Трпески како и Трајан Белев.
По скоро еден цел месец, Кичево повторно било ослободено на 1 ноември, 1943 при што биле заробени 19 германски војници со потполковникот Хедлер, како и 30 припадници на балистичките групи. По само четири дена партизанските единици биле приморани да се повлечат и повторно да го отстапат градот на окупаторот.
Конечно ослободување на Кичево
мини|Спомен обележје на паднатите борци во НОВ, во кичевското село Кленоец
По нецела година проследена со неколку напади и битки со окупаторот, на 1 септември 1944 по повеќечасовна битка Кичево било ослободено по трет пат. Градот на неколку пати го менувал својот статус на ослободен и окупиран град. За конечна слобода која ја ужива Кичево до денеска, биле пресудни битките кои отпочнале на 14 ноември кај селата Тајмиште и Колари, со кои битки се пренеле и во самиот град, па така на 15 ноември, 1944 Кичево е конечно ослободено.
Вака е опишано сеќавањето на претседателот на Сојузот на борците од Кичево, Владо Дејаноски, за првото ослободување на Кичево:
Билансот на жртвите изнесувал 217 борци од Кичево и Кичевско, 106 цивилни жртви и уште 232 жртви од останатите краишта на Македонија и тогашна Југославија. Сите во табеларен приказ се дадени подолу.
Список на паднати борци за слободата на Кичево и Кичевско мини|Споменик на паднатите борци во НОБ, од околината на Попоец
Жртви од Кичево и Кичевско
Бројот на жртви од Кичево и Кичевско, изнесувал 217 воени и 106 цивилни жртви.