Џорџ Вокер Буш () - 43. претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001.

Животопис Џорџ Буш е роден на 6 јули 1946 во Њу Хејвн, Конектикат. Тој е син на бившиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш. Братот на Џорџ Буш - Џеб Буш бил избран за гувернер на Флорида во 1999 година . Младиот Џорџ Буш растел во тексашките градови Мидленд и Хјустон, заедно со Џеб, Нил, Марвин и Дороти Буш. Учел во академијата „Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа завршил историја на универзитетот „Јеил“ во 1968 година. Во универзитетот, тој бил член на студентското братство „Делта Капа Епсилон“, како и на тајното друштво „Череп и коски“. Џорџ Буш бил избран за гувернер на Тексас во 1995 година и таа должност ја извршувал до 2000 година. Џорџ Буш е оженет со Лора Буш и има две ќерки близначки - Барбара и Џена.

Претседателски мандат Буш првично ја претстави амбициозната домашна агенда, но неговите приоритети беа значително променети по нападите на 11 септември .  Војните беа започнати во Авганистан и Ирак, и имаше значителни домашни дебати во врска со имиграцијата, здравството, социјалното осигурување, економската политика и третманот на затворениците терористи. Во период од осум години, некогаш високиот рејтинг на Буш  постојано се намалуваше, додека бројките на неговото неодобрување значително се зголемуваа.  Во 2007 година, Соединетите Држави влегоа во најдолгата рецесија по Втората светска војна .

Одликувања Во септември 2015 година, Џорџ Буш бил одликуван со Орден на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов, за големиот придонес во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединети Американски Држави. Орденот му го врачил премиерот Никола Груевски на посебна вечера организирана од фондацијата „Macedonia 2025“, организирана на 20 септември 2015 година во хотелот „Хилтон Колумбус“.„Груевски му врачи орден на Република Македонија на Џорџ Буш помладиот!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 22. Извори

Категорија:Претседатели на САД Категорија:Американски политичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Носители на Орденот на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на Јејл