Ирена Павлова - Де Одорико — македонска писателка, поет, романописец, новинар, родена е 19 ноември 1967 година во Велес.
Животопис
Ирена Павлова - Де Одорико дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Тезата е своевиден манифест под наслов: ,,Помеѓу автобиографијата и фикцијата или патот од автобиографското до психобиографското врз примери од творештвото на Силвија Плат, Радмила Трифуновска, Евгенија Шуплинова и Даница Ручигај.
Работела како новинар во повеќе соисанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на ТВ Телма во Скопје.
Во 2001влегува мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале,од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“.
Ирена Павлова - Де Одорико живее и работи во Венеција, Италија, каде неизоставно ја оретставува македонската култура. Член е на Друштво на писатели на Македонија од 2001 годинаМакедонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004.
Куриозитет: Според оценките на книжевната критика,Павлова ја инаугурира радикалната апокрифна фабулизација во своите поеми.( Акад.Гане Тодоровски).
Нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии.
Од 2015 - та активно твори и на македонски и на италијански јазик.
Дела
Велзевул, поезија, 1999 година; Номад, поезија, 2000 година; Новата Ева, поема, 2001 година; Деколте, поезија, 2004 година; Од другата страна на животот, есеи за Силвија Плат, 2010 година; Новиот човек, проза, 2011; Антологија на заборавените македонски поетеси: Шуплинова, Ручигај, РадмилаТрифуновска, 2013 година; ,Пенелопа. нет, поезија, 2016 година); Пенелопа во Венеција, поезија,2016 година) Љубовта на Марија од Магдала, поема, 2017 година; Просветлени песни, поезија, 2018 година; Подстанарка, роман, 2019 година, овој роман е ореведен на италијански јазик.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ