Лака — археолошко наоѓалиште во велешкото село Грнчиште, Општина Градско. Претставува населба од бронзено и римско време.

На 2 км северозападно од селото, во подножјето на ридот Шупле, кој се наоѓа на левата страна на долот наречен Орешје. На површина од околу 2 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови од бронзено време и многу керамика, питоси и градежен материјал. Одовде потекнува и надгробен споменик со старогрчки натпис кој се чува во Народниот музеј во Велес.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи